Виктор Дано

2.842 написи активност: 12/2008 - 10/2016

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Редакција
1
Виктор Дано Веб

Gmail доби Priority Inbox опција за сортирање мејлови

Google воведува опција за приоритетно сортирање на мејловите на 'важни и непрочитани', 'омилените' (означени со ѕвезда) и 'сите останати'. Покрај овие категории, преку опциите за Priority Inbox може да се додадат уште персонализирани категории. Тоа што е интересно за системот е што постепено учи кои мејлови се важни според тоа како ги читате.

1 коментар Прочитај 31 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Совети

Симнете mp3 од YouTube клипови со Dirpy Studio

Dirpy Studio e веб алатка со која можете да извлечете и симнете mp3 фајл од некое YouTube видео или пак да го симнете тоа видео. Пример, ви се допаѓа некоја песна, или пак некој семпл од видеото, или целото видео... го внесувате линкот до видеото и потоа можете да си одберете од кое до кое време да го извади аудио фајлот и можете да си го одберете квалитетот на истиот.

3 коментари Прочитај 31 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб

Google и Arcade Fire со HTML5 експеримент за музичко видео

Wilderness Downtown е Chrome проект, направен од Крис Милк, со кој се демонстрираат HTML5 можностите на прелистувачот. Се работи за видеото за песната „We Used To Wait“ на Arcade Fire кое ги користи Google Мaps и Street View заедно со HTML5 canvas, аудио и видео елементи, интерактивна алатка за цртање и кореографија на прозорчиња „да игра околу екранот“.

1 коментар Прочитај 30 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Општо

Intel го купи oдделoт за безжични решенија на Infineon

Intel за 1.4 милијарди долари го купи одделот за безжични решенија на германската компанија Infineon која се занимава со чипови за мобилни. Intel се почесто инвестира во мобилната технологија обидувајќи се да стане конкурент на пазарот за паметните телефони.

1 коментар Прочитај 30 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Друштвени мрежи

Ако користите IE6 нема да може да користите Facebook чет

Fаcebook најави дека ќе ја прекине поддршката за девет години стариот Internet Explorer 6, бидејќи прелистувачот самиот не ги поддржува подобрувањето на таа чет опцијата.

4 коментари Прочитај 30 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Google го купи Ångströ, уште еден стартап за друштвени мрежи

Најновата аквизиција на Google е Ångströ, стартап компанија која прави апликации за полесно споделување информации преку друштвени мрежи и Вебот, апликации за наоѓање фотографии од Facebook и нивно извлекување, како и креирање на адресар со контакти во реално време.

0 коментари Прочитај 30 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Хак-атак/Приватност

Надополнето: Предавањата на Кевин Митник ќе чинат 400 евра

Надополнето 29.08.10: Сега е и официјално дека Кевин Митник ќе биде во Скопје од 21 до 26 октомври. Неговите две предавања :The Art of Intrusion and The Art of Deception ќе бидат во хотелот Александар Палас во Скопје. Целиот настан е организиран од маркетинг компанијата Озеха P3.

89 коментари Прочитај 29 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Среќен роденден Tutoriali.com.mk!

Tutoriali.com.mk веќе една години нуди над 310 најразновидни корисни туторијали за технологијата, софтвер, разни трикови, хардвер, Windows, Visual Basic, Java, C++... едуцирајќи ги и нудејќи им помош на сите посетители.

0 коментари Прочитај 28 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

50 најдобри веб сајтови, според магазинот Time

Магазинот Time објави листа од 50 најдобри веб сајтови, во која нема рангирање, туку сајтовите се подредени низ неколку категории. Можеби листата е малку ориентирана кон САД посебно категоријата за спорт, сепак Time е американски магазин. Но... и покрој тоа листата е одлична од аспект да се видат модерните веб страни, содржината и услугите кои тие ги нудат, како и нивното се поголемо влијание ширум светот, како на пример TED.com и Wikileaks.com кои се најдоа меѓу најдобрите во категоријата за најдобри сајтови за вести.

1 коментар Прочитај 27 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Стартува нов македонски интернет пребарувач – Borg.мк

Borg.мк е нов македонски интернет пребарувач на Игор Трајковски, креаторот на Time.mk. Досега македонското пребарување се сведуваше на Najdi.org.mk и pogodok.com.mk. Но се чини дека каде тие два пребарувачи не успеаваат, Najdi.org.mk е со ограничени извори, Pogodok.com.mк од 01.09.2010 нема да постои веќе, таму Borg.мк успева да понуди нешто интересно.

38 коментари Прочитај 27 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб

Google со подобрувања на пребарувањето во реално време

Google стартуваше нова страна за подобреното пребарување во реално време кое прв пат го објави пребарувањето во реално време во декември и кое до сега беше интегрирано со резултатите.

1 коментар Прочитај 27 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб

YouTube oд сега на српски и хрватски. Можеби наскоро и на македонски јазик?

Почнувајќи од денес ќе може да го користите YouTube на 4 нови јазици: хрватски, филипински, српски и словачки, вели YouTube на својот блог. Ова значи дека YouTube сајтот сега поддржува 28 јазика, што е различно од автоматскиот превод со кој можат да се гледаат видеа на 50 јазици, меѓу кои и на македонскиот превод.

1 коментар Прочитај 26 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Мобилни

Хрватскиот ShoutEm доби 1.2 милиони долари инвестиција

Хрватската компанија Pet minuta чиј продукт е Shout 'Em, сервис за креирање микро и мобилни друштвени мрежи, доби 1.2 милиони долари инвестиции од словенскиот фонд RSG Capital. Ова е втора поголема инвестиција во Shout 'Em откако претходно доби 350.000 долари од хрватските Bicro LTD.

0 коментари Прочитај 26 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Софтвер

Претставени Panorama и Sync опциите во Firefox 4 бета 4

Со четвртата бета на Mozilla Firefox 4 се претставија две интересни опции. Првата е Panorama опцијата, претходно позната како Tab Candy, со која се групирараат табовите. Пример, ако имате отворено десетина табови (јазичиња) ќе можете да ги организирате само со повлечи-и-спушти.

0 коментари Прочитај 25 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Авантури во проширената реалност со Conspiracy for Good

Consipracy for Good e прв проект за интеракција на реалниот свет со проширената (аугментирана) реалност. Познат како „трансмедиа“ забава Conspiracy for Good e авантура или модерен трилер во кој е вклучена публиката која преку веб, мобилните апликации и задачи од реалниот живот му помага на активист да открие корпорациски криминал. Проектот е дело од Тим Кринг, креаторт на популарната телевизиска серија Heros, во соработка со Nokia.

0 коментари Прочитај 25 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мобилни

Уште неколку македонски Android апликации

Откривањето на македонските Android апликации продолжува. Очигледно e дека сите сме нестрпливи да ја видиме официјалната листа од Vip Android предизвикoт. Интересно и One стартува уште еден ваков натпревар. Ова е одлично нешто за да се мотивираат програмерите да направат број корисни македонски апликации. Незгодно е што најверојатно на двата натпревари ќе видиме исти апликации во подруга верзија но има доста време да се направат и нови.

8 коментари Прочитај 25 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб ИТ.МК

Дебар, шарпланинецот и Александар на насловната на Bing.com

На Bing.com, интернет пребарувачот на Microsoft, се појави фотографија од дебарското езеро Шпиље. Bing на своите слики вметнува и мали пакети информации за местото на сликата за да го популаризира и демонстрира својот интернет пребарувач, да даде идеја што да се бара со цел да го привлече корисникот. Но... во овој случај покрај пребарувачот, и Mакедонија ќе ќари интерес од оваа промоција.

8 коментари Прочитај 25 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Intel и Nokia отвараат лабораторија за 3D мобилен проект

Intel и Nokia отворија лабораторија за истражување на 3Д мобилен интерфејс со виртуелна реалност. Во лабораторијата ќе бидат истражувачи од двете компании кои ќе работата на МееGo мобилниот оперативен систем на Intel и Nokia.

0 коментари Прочитај 24 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

BBC Dimensions ги споредува светските настани со вашиот дом

BBC стартува прототип проект Dimensions со кој, користејќи ја мапата, ja споредува големината на светски настан со вашиот дом и соседство. Dimensions ги преклопува двете мапи со што им дава локален контекст на настаните. Пример, ве интересира колкава површина опфатија поплавите во Пакистан споредена со површината на Македонија, или пак колкав дел од Скопје ќе заземе познатиот музички фестивал Гластонбери. (сликата горе)

0 коментари Прочитај 24 август, 2010
Мени
Заедница
Изглед