0
BBC Dimensions ги споредува светските настани со вашиот дом
BBC стартува прототип проект Dimensions со кој, користејќи ја мапата, ja споредува големината на светски настан со вашиот дом и соседство. Dimensions ги преклопува двете мапи со што им дава локален контекст на настаните. Пример, ве интересира колкава површина опфатија поплавите во Пакистан споредена со површината на Македонија, или пак колкав дел од Скопје ќе заземе познатиот музички фестивал Гластонбери. (сликата горе)