Shout ‘Em е проект на хрватската компанија Pet Minuta основана од Виктор Маронхиќ и Саша Шаруниќ и е компанија која има неколку успешни веб сервиси во Хрватска. На чело т.е на директорското место на компанијата стои Лука Абрус кој 7 години претходно работел во Microsoft Hrvatska во оделот за продавање со големи корисници.
Моментално на ShoutEm има 20.000 креирани мрежи од целиот свет, а со инвестицијата само ќе им помогне да го прошират сервисот. Сервисот користи веб апликации за iPhone, BlackBerry и Java со што овозможи креирање на мобилни друштвени мрежа.
„Инвестицијата ќе им овозможи на ShoutEm побрз развој на технологија и отварање на канцеларии во Њу Јорк и Лондон, каде им се и потенцијалните бизнис корисници и купувачи.“ пишува Иван Брезак Бркан од хрватскиот блог Netokracija.
Netokracija пишува дека интересот на RSG Capital е во следниве неколку години да го развие ShoutEm на одредено ниво и потоа успешно да го продадат на некоја од големите интернационални ИТ компании. Но за тоа ќе мора да го пробијат ShoutEm на американскиот пазар, каде веќе постојат слични сервиси.
„Во моменталната ситуација влегување во британскиот и американскиот пазар е малку тешко, бидејќи Хрватска уште не е земја членка на ЕУ, иако во дадена ситуација ни на словенските компании не им е полесно. ShoutEm во Хрватска има и одредена предност, комбинирајќи стручно инжинерско знање со релативни ниски трошкови за работа.“ вели Јуре Микуш, директор на RSG Capital.







