1 коментар 1 мин. читање

Google со подобрувања на пребарувањето во реално време

Сега на Google Realtime страната ќе можете да пристапите до пребарувањето во реално време што е пребарување низ постовите од друштвените мрежи како Facebook, FriendFeed, Buzz и Twitter. Oвие „во реално време“ постови или кориснички мислења се појавуваат како резултати во момент на објавувањето, без да се чека пребарувачот да ги индексира како што прави со стандардните веб страни.

На новата страна Google сега e додадена можност за пребарување според времето на постовите, пример ве интересира некоја тема од пред неколку дена, и локација доколку сакате да ги локализирате мислењата. Се чини дека овој дел функционира лошо бидејќи со одбирање Маcedonia или Скопје добивате помалку резултати од тие што ќе ги добиете без локализирањето.

Додадена е и ‘full conversation’ опција за следење на целата дискусија, пример ако некој пост е ретвитуван или му е одговорено…

Исто на крај на страната ќе најдете ‘Create an email alert за [термин]’ опција со која добивате имејл пораки пример, еднаш на ден, за сите нови постови во врска со даден термин.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top