1
Симнете mp3 од YouTube клипови со Dirpy Studio
Dirpy Studio e веб алатка со која можете да извлечете и симнете mp3 фајл од некое YouTube видео или пак да го симнете тоа видео. Пример, ви се допаѓа некоја песна, или пак некој семпл од видеото, или целото видео... го внесувате линкот до видеото и потоа можете да си одберете од кое до кое време да го извади аудио фајлот и можете да си го одберете квалитетот на истиот.