„Откако ги разгледавме алтернативите, одлучивме да направиме нагли подобрувања и да понудиме најдобро можно искуство со четот, што значи дека веќе нема да го поддржуваме Internet Explorer 6 прелистувачот.“ пишува на официјалниот блог.
Промените на четот ќе се случат на 15 септември, што значи дека сите вие кои го користите IE 6 прелистувач за разговарање со вашите Facebook пријатели ќе треба да го надградите истиот.
Поновиот Internet Explorer 8 можете да го симнете од официјалниот сајт. Од левата страна имате опција да го изберете македонскиот или албанскиот јазик за прелистувачот, а од десна страна има опција да го изберете вашиот Windows оперативен систем.
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.