0 коментари 1 мин. читање 28 август, 2010

Среќен роденден Tutoriali.com.mk!

Доколку имате искуство и знаење Tutoriali.com.mk нуди опција да се регистрирате и самите да додадете некој туторијал и текст со цел да се збогати библиотеката.

„И ете, дојде денот кога во блогот ќе кажам ‘Среќен роденден, www.tutoriali.com.mk!’, нешто за коешто искрено верував дека ќе се случи, а не дека ќе бидеме еден започнат квази-проект.“ вели Кирил Гаштеовски кој заедно со Милан Пецов, и подоцна Мартин Рајовски, го стартуваа сајтот.

Според статистиката, порталот забележува во просек по 2.600 посети и над 10.639 прелистувања на страни месечно, а во последниот месец се забележува и поголем раст според посетите.

Покрај поддршката од членовите на форумот на IT.com.mk, Tutoriali.com.mk отвори и соработка со други .мк сајтови како поралот за мобилни телефони gsm.mk и java.com.mk, кои се директни автори на Java водичите.

Среќен роденден Tutoriali.com.mk!

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}