80% oд младите европејци се активни на друштвени мрежи, според Еurostat
Евровскиот агенција за статистичка информација Eurostat објави интересна статистика за интернет користењето во Европа во 2010 година.
Евровскиот агенција за статистичка информација Eurostat објави интересна статистика за интернет користењето во Европа во 2010 година.
Како би изгледало раѓањето на Исус Христос гледано од неговите најблиски, но тоа да се случи денес кога имаме Facebook, Twitter и имејл, за да споделиме информација?
<надополнето 15.12.10> Уставниот суд ги одби промените на Законот за електронски комуникации, односно ги поништи петте одредби кои и даваа моќ на полицијата да прислушува без судски налог. Одбиени се петте измени на член 4 (точки 47 и 48), член 112 (ставовите 7 и 8), член 114 (ставовите 7, 8 и 9), член 115 и […]
Тwitter го редизајнираше business.twitter.com, сајтот каде може да се најдат основите за како бизнисите можат да го искористат Twitter за своите промотивни цели, и вклучи опција за купување на рекламни твитови.
Mагазинoт Time го прогласи основачот на Facebook, Марк Елиот Закерберг, како личноста на 2010-та. Американскиот магазин секоја година, од 1920-та, со фотографија на почетната страна ја овековечува личноста која најмногу влијаеше, за добро или лоши, на настаните во текoт на годината.
По примерот на Wikileaks, но малко непрофесионално сработено и нарушувајќи приватност, на Facebook се појави профил „UJP Leaks" кој објави слики од наводен документ за плати од новинарите на A1 заедно со нивните матични броеви.
Датум на раѓање, 123456 или „итрото“ 654321, име на сајт, 11111... ова се лозинки на еден куп луѓе кои ги користат за нивните мејлови, профили на друштвени мејлови и сајтови. Да, лозинката треба да биде лесна да се запамти доколку ја користите често, но треба и да ве заштити од губење и злоупотреба на личните податоци.
Дојде и тој момент, вид пресврт, кога просечното време поминато пред телевизор е еднакво со просечното време поминато онлајн, барем за американците. Според истражувањето на Forrester просечниот американец поминува околу 13 часа неделно онлајн, и исто толку време гледајќи телевизија.
Хакерска група со име Gnosis ги проби Gawker Media, сопственици на познатите ИТ блогови Lifehacker и Gizmodo, како и други сајтови, објавувајќи ги лозинките и мејловите на основачот Ник Дентон, податоци за уредниците на сајтот, FTP логирања, 4 GB од чет логови! и уште 1.3 милиони кориснички имиња и лозинки на луѓето кои коментирале на сајтовите. Објавен е и основниот код на новиот CMS на Gawker, кој заедно со лозинките е спакуван во 500 MB торент фајл закачен на Pirate Bay.
Контроверзниот Wikileaks сега има над 1.800 mirror сајтови, или сајтови-копии распределени ширум светот, вклучувајќи ја и Македонија. Ова ја покажува моќта на Интернетот, односно на ширење на информацијата низ децентрализираниот медиум. Ако се изгасне еден, ќе има стотина други сајтови кои ќе ја споделат информацијата.
Европската конференција за технологија Le Web покрај разните интервјуа со истакнати личности од ИТ индустријата, одржува и стартап натпреварување за најдобрите и најоригиналните почетнички компании и проекти.
Продавницата за веб апликации Chrome Web Store на Google oд самиот почеток нуди над 500 веб апликации. Некои од нив се доста интересни, други се само копија на веб сајт, трети непотребни. А има и корисни алатки или апликации кои до сега беа достапни само за iPhone и iPad, а сега ги имате на вашиот Chrome прелистувач.
Од објавувањето на доверливите документи, контроверзниот сајт Wikileaks стана доста споменувана тема на Twitter, но ознаките со која се бележат пораките за #wikileaks или #cablegate никогаш не се појавиja во листата на трендови што привлече критики дека Twitter го цензурира промовирањето на темата, исто како што други сервиси престанаа да го опслужуваат Wikileaks.
<Надополнето 09.12.10>Сајтот на Mastercard повторно функционира после скоро 24 часа. <надополување>Сајтот на MasterCard е под DDoS напади од активистичка хакерска група која сака да ја одмазди Wikileaks, сајтот кој објави куп доверливи дипломатски документи.
„Ништо освен Веб“, вели Google за својот нов Chrome оперативен систем за ноутбукови, кој секогаш ќе е поврзан на интернет и ќе користи веб aпликации.
Google го претстави Chrome Web Store, продавница за платени и бесплатни веб апликации за Chrome прелистувачот и за Chrome оперативниот систем кој ќе се појави на средина на 2011 година.
Хрватската компанија Infinum освои 100.000 долари за својата badaSports мобилна апликација која го освои првото место во категоријата Easy Life на Samsung Global Developer Challenge. На натпреварот за креирање апликации за новиот Bada мобилен оперативен систем на Samsung има вкупно 24 победници распределени низ категории кои меѓу себе поделија 2.7 милиони долари награден фонд.
Вториот Google телефон Nexus S ќе биде и првиот телефон кој ќе ја има најновата верзија на мобилниот оперативен систем Android Gingerbread, кој ќе биде наскоро достапен за надоградување на Android телефоните.
Контроверзниот сајт Wikileaks го изгуби својот .org домен кој беше изгасен од американскиот интернет провајдер, беше тргнат од серверите на Amazon, се повлече и PayPal преку кој одеа донациите за сајтот, а сега и Швајцарската пошта ја изгаси финансиската сметка на основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж.
Facebook ги редизајнираше профилите. Новиот изглед ги преместува табовите во лев страничен бар, а на нивно место сега се воведни кратки информации за личноста зад профилот, односно кратко инфо со локација, образование, работа, линк од веб страна, врска и уште по некој детаљ.