0 коментари 2 мин. читање

Европски стартап-компании кои победија на Le Web '10

Овогодишниот Le Web стартап натпревар има три победници, наместо еден, од вкупно 400 пријавени. Трите победнички награди се поделени на победник според оригиналност, технологија и виралност (во смисла на брзо споделување на информација со други корисници).

Како најоригинален стартап е прогласен Super Marmite од Франција, кој е локациски базирана друштвена мрежа која треба да е замена за сендвичарите за брза храна. Разни корисници подготвуваат разни оброци и јадења, кои потоа се гласаат од заедницата и се продаваат онлајн. Други корисници, одредувајќи ја локацијата на „готвачот“ ќе можат да ја купат и земат храната. Друштвената мрежа е одлична за промоција на локални ресторани.

Наградата за технологија ја доби израелскиот Waze, сервис наменет за друштвено мапирање со над 2 милиони возачи со поминати над 250 милиони километри. Секој корисник со само возење ги одбележува своите мапи со информации од патот споделувајќи ги со другите Waze корисници.

За највирален стартап на Le Web ’10 е прогласен швајцарскиот < А href="http://www.paper.li" target="_blank">Paper.li, сервис кој овозможува на корисниците да си направат „весник“ од нивните Facebook и Twitter стримови на информации и линкови.

Наградата од публика ја доби францускиот друштвен сервис за споделување автомобили DeWays.fr.

Останатите учесници на Le Web ’10 финалето беа:

Бонус: Погледнете ги победниците на Le Web ’09.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top