Поминатото време на Интернет и пред ТВ се изедначија во САД

во Веб, Свет

Гледајќи го САД како технолошки водач во западниот свет, сигурно овие резултати ќе се одсликаат и во другите земји, и сигурно за многу брзо време ќе видиме дека Интернет како интерактивен и мобилен медиум е повеќе користен од пасивната телевизија.

Според истражувањето на Forrester растот од 120% од 2005 година на поминатото време онлајн се должи на поместување на постарите генерации кон Интернет. Сега американците меѓу 31 и 44 години се почесто (17 часа неделно) се на Веб, наместо пред телевизор (14 часа неделно). Исто така луѓето меѓу 45 и 54 години се повеќе се онлајн, околу 14 часа неделно.

Голем фактор за промената се и друштвените мрежи кои овозможија комуникација со куп луѓе одеднаш, како и споделување информации.

Секако, огромен удел во овој пресврт има токму веб видеото, само пред ден YouTube објави дека во 2010 година се прегледани 700 милијарди видеа, а кон ова придонесува и се попристапниот брз ширикопојасен интеренет, кој од друга страна станува основно право во Европа за која Forrester најави истражување следната година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk