Google претстави API конзола
Google API конзолата е место за развивачите да го менаџираат АPI користењето на сите апликации и веб сајтови. Доколку се работу со тим, има и можност за менаџирање на групни проекти.
Google API конзолата е место за развивачите да го менаџираат АPI користењето на сите апликации и веб сајтови. Доколку се работу со тим, има и можност за менаџирање на групни проекти.
Турција ја тргна забраната за пристап на YouTube откако пред повеќе од две години го банираше сајтот заради содржина која го навредува Мустафа Кемал Ататурк. Навредување на основачот на турската република се строго забранети во Турција.
Facebook потврди дека има апликации кои продаваат кориснички податоци. Facebook не ги именува кои апликации но најави дека ќе ги казни програмерите на тие апликации.
Грешка во iOS 4.0.1, оперативниот систем на iPhone , предизвика секој аларм да ѕвони еден час подоцна, игнорирајќи го зимското сметање на времето кои се промени во неделата. Автоматскиот часовник на iPhone всушност го сменил времето, но алармот наместо во, пример, 8 часот, ѕвонел во 9.
Во Македонија софтверот е скап и поради тоа се пиратира. Пример, 110 евра за Windows Home edition, исто околу 7.000 денари за Office. Toa за некого е вредност на една плата, пари потребни за месечни студии... а треба и пари за друго парче сотфер, нели?
Ко-оснивачот на YouTube, Чед Хурли се повлече од позицијата извршен директор на видео сервисот. Тој ќе остане во компанијата, но ќе делува како советник, оставајќи ја директорската одговорност на Сaлар Камандар, поранешен претседател на веб апликации во Google.
Заврши првото „споделувањето идеи“ на TEDxSkopje конференцијата која можевте да ја проследите преку видео стрим во живо, или да читнете за неа на Facebook или на Twitter. Во случај да ги испуштите, сите видеа ќе бидат објавени на сајтот на TEDxSkopje.
Компанија од Калифорнија, Interorbital Systems, продава опрема за правење на сопствен сателит за 8.000 долари. TubeSat опремата за личен сателит содржи основни компоненти за креирање сателит, батерии, соларни ќелии, ресивери, микрокопјутери, електронски компоненти, нацрти... и место да си вметнете дополнителна персонализирана опрема зависно од експериментот кој сакате да го направите. Секој пакет содржи и гаранција за лансирање во орбитата на Земјата од ракетата на Interorbital. Нивната ракета ќе лансира 32 TubeSats сателити, а првите лансирања се закажани за март 2011 година.
Секој петок во 19:30 часот на телевизија Алфа се емитува емисијата за ИТ новости „Клик“. Продуцирана од Light Bulb productions, концептот на емисијата и анимациите се нешто свежо на македонската ИТ сцена. Токму иновативноста ни се допадна и затоа It.com.mk, со задоволство, склопи соработка со „Kлик“ да им обезбеди квалитетна ИТ содржина. Се надевам ќе уживате!
Mozilla Labs на својот блог пишува дека работат на додаток за прелистувачот кој не само што ќе пушта аудио и видео, туку ќе има можност и да ја сними содржината. Додатокот со име Rainbow им дозволува на развивачите да пристапат до хардверското видео и аудио снимање со неколку линии на JavaScript код.
Facebook приказната меѓу два пријатели (или Friendship страната) е страна каде се прикажува интеракцијата меѓу два пријатели, односно служи како еден вид дневник на нивните заеднички активности и заедничката комуникација, коментари, фотографии каде се тие тагирани заедно...
Yahoo го објави новиот бета Yahoo Мail кој достапен за сите. Новиот бета изгледа доста свежо спореден со поранешниот. Изгледа убаво и едноставно и нуди побрзо имејл искуство, „го изградивме од темели за да биде брз колку што вие сте продуктивни“ вели Yahoo.
Кинескиот Национален универзитет за безбедносни технологии (NUDT) го претстави најмоќниот суперкомпјутер во светот кој достига 1.2 петафлопи, односно обработување на илјадници трилиони операции во секунда според Linpack бенчмаркот. Според Nvidia, машината достигнала рекорд од 2.5 петафлопи што значи дека Tianhe-1A (Млечниот пат) е 40% пати помоќен од ланскиот најмоќен супер компјутер Jaguar од Националната лабораторија на Оак Риџ. Споредено со просечен компјутер, што Tianhe-1А може да направи за 1 ден, на просечниот dual-core PC ќе му требаат 160 години постојана работа.
Engadget објави слики од прототип од PlayStation Phone кој е хибрид меѓу телефон и гејминг уред. PlayStation Phone работи на Android Gingerbread оперативен систем и ќе има пристап до Sony пазар на игри од каде можат да се симнат игри дизајнирани за платформата..
Мicrosoft го претстави Officе 11 пакетот за Mac OS. Пакетот ги содржи Word, PowerPoint, Excel, Messenger, и, за прв пат, Outlook. Дополнително пакетот ги интегрира и веб базираните Office Web апликации, SkyDrive и SharePoint.
Иако од една страна се одлични друштвени алатки, сепак од друга новите групи на друштвената мрежа си имаат свои проблеми. Покрај додавање луѓе без нивна согласност, групниот чет може да биде проблем бидејќи можеби не сте расположени за разговор и да читате другите што пишуваат.
Друштвената мрежа стартуваше нови, подобри опции за администраторско менаџирање на фан страните. Сега контролата која ја имате врз вашата страната ќе ја спроведувате преку поедноставен интерфејс со кој „администраторите ќе гледаат и пристапат до сите аспекти на менаџерот за страни без да скролаат надолу“ вели Facebook.
<надополнување>Дојде и моментот да се доделат стипендиите. .. До истекување на рокот за пријавување, добивме повеќе од 80 апликации, од кои моравме да избереме 12 кандидати за ECDL и само 8 за Microsoft Official Course 50322A. Изборот беше навистина тежок и во името на IT.com.mk и B-Kings им благодариме на сите за учеството!
Поп пејачката стана рекорден на YouTube, нејзините видеа се вкупно прегледани над 1 милијарда пати, вели компанијата за интернет истражувања, Famecount.
AdMob, мрежата за мобилни реклами на Google, стартува интерактивни реклами за Android телефоните.