„Сега сум во процес на транзиција во улогата на советник, повлекувајќи се, се уште сум вклучен во компанијата но сега имам можност да работам на нови продукти.“ вели Хурли најавувајќи го своето повлекување на интернационалната веб конференција F.ounders.
Тој изјави дека работи на нов веб проект но не сакаше да каже детали. Инаку, тој има своја втора компанија Hlaska која се занимава со гардероба и инвестира во американски Формула 1 тим.
Чед Хурли, заедно со Стив Чен и Џавд Карим, го стартува YouTube во февруари 2005 година, за во октомври 2006-та да ги купи Google за неверојатни 1.6 милијарди долари. Денес над 50 отсто од вкупното веб видео се гледа преку YouTube.
Единствен проблем со успехот на YouTube е профитабилноста на сервисот. YouTube троши повеќе ресурси одошто прави пари бидејќи се работи за кориснички видеа кои немаат маркетинг вредност.
Но, во последниве години YouTube се почесто е инволвиран со големата филмска и телевизиска индустрија за да се направи модел да преку видео сервисот се стримаат филмови, серии, спортски натпревари… Од пред некое време YouTube започна да стрима во живо и видеа од големи настани, како индиски крикет натпревари и концерти.








bi sakala da ja citam vaschata programa i razgleduvam
Срцево ми крвари и не можам да спијам кога ќе слушнам или прочитам дека некој милијардер „се повлекува“ од таа-и-таа компанија.
Мора да е многу тешко да се живее деновиве на некој од Карипските острови … (и не, тие не одат на Хаити).
tnx :)