0 коментари 1 мин. читање 4 ноември, 2010

Google Docs ќе добие принтање преку облак

Oблак принтањето e веќе некое време цел на Google кој работи да се дозволи принтање документи преку интернет на било кој компјутер без грижа за тип на принтерот и негови драјвери. Концептот е пред се наменет за, се уште необјавениот, Chrome oперативен систем, во кој сите апликации ќе бидат веб апликации.

„Затоа, во дизајнирањето на принтање преку Google Chrome OS, сакаме да се осигураме дека принтањето преку веб апликации е природно како принтање од традиционалните вродени апликации.“ пишува на Google Code лабораторијата.

Дополнително во кодот на Doc се открива дека наскоро ќе бидат претставени „надворешни апликации“ и „опција за синхронизирање на уреди“, односно можност да се синхронизираат Google Docs документи со десктоп и мобилни уреди. Под „трети апликации“ можеби се мисли на вметнување корисни апликации во Google Docs со цел да се направи покомплетен сервис?

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top