Друштвените мрежи ќе го „фрагментираат“ Вебот, вели Тим Бернерс-Ли
Таткото на Вебот, Тим Бернерс-Ли вели дека друштвените мрежи и компании кои нудат сервиси ќе го скратат демократскиот потенцијал на мрежата.
Таткото на Вебот, Тим Бернерс-Ли вели дека друштвените мрежи и компании кои нудат сервиси ќе го скратат демократскиот потенцијал на мрежата.
Vip го донесе Dell Streak таблет компјутерот кој за разлика од мобилните телефони на Vip, ќе користи 3G интернет.
Сите камиони и автобуси кои превезуваат низ Европа ќе мора да имаат мемориски картички и дигитални тахографи кои ќе ја мерат брзината на возилото низ целиот пат, колку време е возено и колку време одмарало, пишуваат .мк медумите.
Online-conVert.com е веб сервис кој нуди можност за конвертирање на разни мултимедијални фајлови во разни формати. Пример имате .wav аудио фајл, го претварате во .mp3 за да може да си го снимите на мобилен. Или конвертирање на .pdf документ во .doc за Word за да го едитирате итн. итн...
Покрај добриот ефект што се добива, има одлични својства за ладење, што го прави супер гејмерски систем, вели Volkswagen постирајќи на форум слики и видеа од буквално „кул“ PC систем кој наликува на аквариум.
Google објави книга „20 нешта што ги научив за прелистувачите и Вебот“ по повод 20-годишнината од откривањето на Вебот од страна на Тим Бернерс-Ли, што е овој месец. Книгата е соработка на Google Chrome тимот и илустраторот Кристоф Ниман.
Скратувачот на линкови Bit.ly овозможи собирање неколку линкови во едно „купче“, што ќе помогне да споделите колекција линкови со еден линк.
„Тест корисникот“ е кориснички профил кој се поврзува со апликацијата со цел да се тестира функционалноста на апликацијата. Профилот може да им користи на сите развивачи да се осигураат дека нивната апликација e како што треба пред да ја пуштат официјално на Facebook. Eдна апликација може да има и до 50 тест корисници.
„Креативниот Интернет“ е документ од над 100 проекти кои ја демонстрираат креативноста на друштвените веб проекти, на кориснички генерираната содржина и инспиративната дигитална култура.
Не се работи за Adobe Flash против HTML5 туку има војна меѓу производителите на уреди, и креаторите на апликции, кој ќе успее да донесе најкорисни апликации на најдобра платформа и како да го задржи водството, вели директорот на Adobe, Шантану Нараен на Web 2.0 Summit.
Доколку имате Android 2.2 или iPhone/iPad сега ќе можете преку мобилниот да ги едитирате документите додека сте во движење. Достапно е и групното едитирање на документите, доколку повеќе луѓе работат на еден проект.
Twitter започна да поканува група корисници да ја тестираат новата Analytics алатка, вели Mashable. Алатката ќе им овозможи на твитерџиите да си ги разгледуваат статистиките за кои твитови ги привлекле другите и колку се ретвитувани, следени... како и други статистики.
Twitter воведe опција да добиете инстант push нотификација кои кога ќе ви се обрати некој со @ (reply) или кога ќе ви прати DM (директна порака) ќе добиете SMS нотификација на вашиот мобилен телефон, или нотификација преку iPhone апликацијата.
Според некои балкански новини Pay Pal услугата за плаќање ќе биде достапна во Србија, и најверојатно во Македонија во 2011 година, постира Krkac.
HomePipe e веб сервис со кој креирате веб пристап до вашите PC фолдери со слики, документи, видеа, музика и други фајлови кон кои потоа можете да пристапите од било каде, од друг компјутер или преку мобилните iPhone и Android уреди.
Тwitter ќе го користи Google Translate да преведува твитови во стримот со цел корисниците од различни јазици да споделуваат информации.
Според македонскиот претседател Иванов инвестирањето во информатичките технологии и нивно интегрирање во секојдневието ќе овозможи демократско и инклузивно општество.
Facebook вреди повеќе од Ebay и е трет најголем интернет бизнис по Amazon и Google во САД, вели Bloomberg. Оваа проценка е направена според SecondMarket, онлајн пазар за тргување на акции од приватни компании, Facebook вреди неверојатни 41 милијарда долари. Единствено пред Facebook се Amazon кои вредат 74.4 милијарди долари, и се разбира Google кој вреди 192.9 милијарди долари.
Roc на Aviary е интересна алатка за креирање музика. Roc не е софтвер кој треба да се симне туку е веб базиран, односно можете да го стартувате на вашиот прелистувач.
На видео сервисот секој час се закачуваат видеа со вкупна должина 2.100 часа, или 50.400 часа видео секој ден. Секако YouTube концептот е кој сака може да објави видео, со што кориснички-генерираната содржина нема кој знае каков квалитет, но од друга, има се поголем избор.