Online-conVert.com е супер едноставен сервис. Си одбирате посакуван формат на мултимедијален фајл, го закачувате фајлот или од вашиот хард диск или од некои URL и кликате Convert. За аудио и видео фајловите имате и опција за одбирање на квалитетот.
Освен што нуди конверзија на сите можни фајлови, тоа што е корисно кај овој сервис е што веднаш добивате опција да го снимите конвертираниот фајл на диск, опција за да го пратите линкот од фајлот на пријателите преку имејл и добивате QR код со линкот.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови








