„20-те нешта…“ е напишана во HTML5 и претставува „водич за сите кои се љубопитни за основите на прелистувачите и Вебот“ со одговори на прашања „Како прелистувачот и Вебот работат? Што е HTML5, а што HTML? Што се „колачиња“ и „cloud computing”? Kaко да сме безбедни од опасности како вируси кога сме онлајн?“.
„Животот на веб може да ви даде слобода и моќ, но исто така заслужува и малку себе-едуцирање. Исто како што сакаме да знаеме факти како граѓани на физичките соседства – чистота на вода, клучни услуги, локални бизниси – така е и важно да го разбираме сличниот сет на информации за нашиот онлајн живот.“ се вели во предговорот на „20-те нешта“.