На YouTube секоја минута се закачува 35 часа видео

0 коментари 1 мин. читање

Само во мај 2010 на YouTube се закачуваа по 24 часа видеа секоја минута, сега за шест месеци таа бројка се зголемува скоро за 50%, на 35 часа видео на ден. Споредено со холивудските филмови со просечно должина од 120 минути, должината на закачените YouTube видеа е еднаква на 176.000 холивудски филмови објавени секоја недела, вели YouTube.

Или ако три телевизии работат 24 часа, 7 дена во неделата, 365 дена во последните 60 години, пак нема да објават толку содржина како што е закачено на YouTube секои 30 дена!!

Според YouTube тоа се должи на зголемување на лимитот на видеата од 10 на 15 минути, но и се должи на развојот на мобилните телефони кои се „подобрија драматичнo“ за брзo и лесно креирање и закачување видеа. Дополнително, YouTube вели дека се повеќе компании го интегрираат нивниот API.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top