Avatar photo

IT.mk редакција

4.603 написи активност: 03/2008 - 09/2026

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Филмот за Facebook ги освои Златните глобуси, фаворит е за Оскарите

Филмот за креирање на Facebook, The Social Network, режиран од Дејвид Финчер, а сценарио на Арон Соркинг, кој и самиот истакна дека приказната на филмот не мора да биде вистинска, ги освоија Златните глобуси во соодветните категории, прогласувајќи го The Social Network како најдобар филм за 2010-та година на холивудските награди со што филмот стана и фаворит за следните Оскари.

0 коментари Прочитај 17 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Хардвер

ИТ анкета: Најдобра македонска продавница за хардвер?

Која е најдобрата продавница за хардвер, најдобра според квалитетот на робата, цената и според сервисот и услугата? Форумџиите стартуваа интересна анкета која прерасна во дискусија за продавниците споделувајќи го своето корисничко искуство.

0 коментари Прочитај 17 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи ИТ.МК

Сите мои (фејсбук) слики

Сите мои слики што ги чувам, на Фејсбук ги редам тагнувам, само најдобрите ги бирам, на профајл пикчр да ги закачам... ова е текст од нова обработка на песна на Ареа, која е пародија на Facebook.

1 коментар Прочитај 17 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Историја на видео игрите (видео)

Студенти од Минхен направија видео во еден кадар во кое ја презентираа историјата на гејмингот, од играње тенис со две цртички и квадратче во 1958 година, преку Pacman во 1980-та, Donkey Kong, Sonic, Street Fighter II во 1991 година до Need for Speed, голф на Nintendo Wii и Rock Band. А што понатамо? Според минхенските студенти, сега не очекува виртуелната реалност.

0 коментари Прочитај 17 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Хак-атак/Приватност

Љубоморна радовишанка доби кривична пријава за лажен Facebook профил

Љубоморна девојка од радовишко село, 25 год., добила кривична пријава за „злоупотреба на лични податоци“ бидејќи отворила лажен Facebook профил на кој користела навреди и лични инфомормации на 27-годишна девојка од струмичко село бидејќи се сомневала дека струмичанката имала врска со нејзиниот маж. Оштетената девојка пријавила во полиција уште во септември, по што деновиве било поднесена пријава, пренесува Канал 5.

5 коментари Прочитај 14 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook наскоро ќе има 600 милиони корисници

Друштвената мрежа за околу 6 месеци додаде 100 милиони нови корисници, достигнувајќи ја неверојатната бројка од 600 милиони. Всушност, моментално бројката според статистиката на SocialBackers е 596.372.520 корисници.

1 коментар Прочитај 14 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Прв поглед на новите BlackBerry Curve, Тorch 2 и Dakota

Boy Genious Report објави слики и спецификации од новите модели на BlackBerry Curve, BlackBerry Тоrch 2, како и новиот телефон Dakota. Kaj телефоните на RIM имаат мали промени во изгледот, но тоа што е подобрено се преформансите, односно хардверот во телефонот.

0 коментари Прочитај 14 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Анализа на org.mk домени

(oва е превземен текст од истражувањето на Борис Ристовски од Македонски центар за меѓународна соработка (MCMS))   Иако веројатно сè уште не можеме да се споредуваме со развиениот свет, сепак бројот на корисници на Интернет во Македонија расте секој ден. Расте и бројот на креирани веб-сајтови. Заклучно со 1 декември 2010 година, на глобално ниво се регистрирани 126.036.915 поддомени под врвните домени (.com, .net, .org, .info, .biz, .us), според http://www.dailychanges.com, а во Македонија 17.670 домени.

1 коментар Прочитај 14 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Германците ќе казнуваат за користeње Google Analytics

Германските власти не се согласија со Google околу приватноста на корисниците, и им запретија со казни на сите компании кои ги користат Google Analytics алатката.

1 коментар Прочитај 13 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Што открива iOS 4.3 бета?

Apple ја објави iOS 4.3 бета верзијата за развивачи и со тоа откри неколку интересни новина за оперативниот систем за iPad, iPhone 3GS и 4, и iPad трета и четврта генерација.

0 коментари Прочитај 13 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

CityVille стигна до 100 милиони Facebook играчи месечно

Стартувана само пред 40 дена, најновата друштвена игра CityVille на Zynga стана првата Facebook апликација која стигна до 100 милиони месечни играчи. Oва е според статистиката на AllFacebook, додека AppData прикажува бројка од 99.9 милиони играчи, но земајќи в предвид дека играта забележува нови 3-500.000 играчи дневно, тогаш бројката дефинитивно е надмината.

0 коментари Прочитај 13 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Сакате .мк домен? Ќе мора да почекате некој месец…

Правилникот на МАРНет, креиран уште во 1995-та, е неправилен според Уставот, вели Уставниот суд и ја блокира службата за управување на домени се додека Министерството за информатичко општество според нов и неодамна одобрен закон не формира правилна служба за домени. Тоа може да потрае до два месеци, а ако сакате да регистрирате домен или да промените сервер/именски опслужувач, тогаш ќе мора да почекате.

17 коментари Прочитај 13 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Свет

Интернетот во 2010 според бројките

Pingdom објави интересна статистика за се што се случуваше на Интернет во 2010 година, од пратени имејл пораки до користење на сервери и колку фотографии се закачуваат на Flickr. Неверојатно е што за само една година се достигнуваат огромни бројки во комуникацијата и споделување на содржината на скоро 2 милијардата интернет корисници. Еве што вели Pingdom:

0 коментари Прочитај 13 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Софтвер

Chrome веќе не поддржува H.264 видео стандард

Google во блог пост најави дека ќе ја тргне Chrome поддршката за патентираниот H.264 видео кодек кој е веб стандард, се користи од blu-ray дискови до куп разни веб сервиси и електронски уреди. Сега Google ќе го користи WebM и Theora видео форматите.

1 коментар Прочитај 12 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Мicrosoft му се скара на Apple зa терминот „аpp store"

Продавница за апликации е продавница за апликации, вели Microsoft противејќи се на барањето на Apple легално да го заштити терминот „app store", термин со кои Apple ги поврза со сите продавници за апликации за сите свои уреди. Имате iPhone App Store, iPad App Store, сега и Mac App Store.

0 коментари Прочитај 12 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Совети

Гледајте видео преку Google Docs

Google додаде вградена-во-Docs опција за гледање на видеа. Досега корисниците можеа да закачат разин мултимедијални фајлови преку Docs сервисот, но немаа можност истите да ги прегледаат доколку не се документи.

0 коментари Прочитај 12 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Софтвер

Објавена Joomla 1.6

Објавена е новата верзија, 1.6, на популарниот Joomla, систем за менаџирање на сајтови, која би требало да даде поголема контрола на дизајнерите и корисниците на сајтови. Јoomla е еден од поедноставните за користење CMS-и кој е симнат над 22 милиони пати.

2 коментари Прочитај 12 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хардвер

Intel ќе плати 1.5 милијарди долари за соработка со Nvidia

После судските борби Intel и Nvidia влегоа во соработка со кој двете компании ќе си отстапат одредени лиценци за одредени патенти и пристап до технологии.

0 коментари Прочитај 11 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

WoW:Cataclysm сруши рекорд за најпродавана PC игра за еден месец

Cataclysm, третото продолжение на масовната онлајн игра World of Warcraft, стана и најпродаваната PC игра во првиот месец со над 4.7 милиони продадени копии секоја по 40 долари што резултира во 188 милиони долари. Интересно само во првиот ден се продадоа рекордни 3.3 милиони парчиња.

0 коментари Прочитај 11 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Google стартува прв онлајн саем за наука за сите средношколци во светот

Секој студент од 13 до 18 години од било кој дел на светот преку својот интернет прелистувач може да се вклучи на Google-овиот светски саем за наука во партнерство со CERN, LEGO групацијата, National Geographic и Scientific American.

0 коментари Прочитај 11 јануари, 2011
Мени
Заедница
Изглед