Apple продаде 4.13 милиони Mac компјутери во тромесечјето, што е нов рекорд и 23% пораст споредено со ланскиот период, продаде и 16.24 милиони iPhone телефони, 86% пораст, 19.45 милиони iPod уреди, интересно 7% полошо од ланскиот овој период, и 7.33 милиони iPad таблет компјутери што е 3 милиони повеќе од претходното тромесечје.
Во меѓувреме, директорот на Apple, Стив Џобс замина на боледување поради проблеми со рак на панкреасот, што за момент се одрази врз акциите на компанијата намалувајќи ги, за потоа истите да пораснат.
Г. Џобс ќе остане на позицијата директор на фирмата и покрај боледувањето, а компанијата сега ќе ја води COO Тим Кук кој изјави дека сега за сега немаат конкуренција на таблет пазарот, бидејќи Windows таблет компјутерите се „тешки и скапи“, додека Android таблет компјутерите се „бизарни“.
Сепак, Apple ги очекува таблет битка, земајќи в предвид дека на CES 2011 се претставија куп разни таблет компјутери кои ќе работат на новиот Android Honeycomb OS наменет за таблети, како и разни Windows 7 уреди.
(сликата е на WhatAboutMac)