„Тоа стои цврсто и вистинито, издржливо и универзално како јазикот што го пишувате. Тоа свети светло и храбро како вас, посветените развивачи со напредно мислење. Тоа е стандард на стандардот, белег за прогресот. И дефинитивно не користи табели за основа. Ви го претставуваме HTML5 логотo.“, се вели на официјалниот сајт.
HTML5 е конструкцијата на која се основа отворената веб платформа на W3C, која со алатки и стандарди ги дефинира сите веб страни. Tоа што HTML5 го донесува како новина при креирање на веб страни е: семантиката, односно побогати сетови со тагови, микро-податоци и микро-формати, офлајн работење и складирање, HTML5 може да функционира и офлајн со App Cache, локални складишта, Indexed DB, полесен пристап до уреди надвор од прелистувачот, поефикасна поврзаност, што значи побрзи игри, подобра комуникација која е водена од Web Socket-и пуш нотификаци преку сервер кои побрзо пренесуваат податоци, CSS3 што овозможува стилизација и ефекти на веб апликации без губење на семантичката структура, полесно достапна мултимедијa која сега ќе биде вклопена во HTML без потреба од додатни плагини, 3Д, графика и ефекти, користејќи Canvas, WebGL и CSS3 3Д oпции се овозможува визуелни ефекти рендерирани во прелистувачите…
Супер ќе беше да направеа лого со <canvas> :) Али сепак добро… Просто е , но убаво на око со остри краеви и убаво одбрани бои…