0 коментари 2 мин. читање 13 јануари, 2011

Што открива iOS 4.3 бета?

Во кодот на iOS 4.3 бета се открија референци за уште пет нови Apple-ови уреди кои најверојатно ќе се претстават во 2011-та. Има референца за две нови верзии на iPhone и три нови модели на iPad.

iOS 4.3 ја има опцијата за креирање лична Wi-Fi точка за интернет тетеринг со iPhone, што значи преку телефонот ќе имате Wi-Fi мрежа за други уреди. Дополнително, iPad-от ќе има неколку мулти-допир движења за мултитаскинг, пример користење на четири прсти за да се дојде до домашниот екран. Физичкото копче за враќање кон домашниот екран најверојатно ќе се тргне, а наместо него ќе се користат мулти-допир движењата.

Други новини се подобрена AirPlay опција за стримање на видео преку трети апликациии, и iAD банери на цел екран. Oткриена е и нова опција Find my Friends за која се претпоставува дека е нов локациски сервис на Apple.

Во iOS кодот има и референца дека следната генерација iPad-и ќе има предна и задна камера, и екранот ќе е со резолуција 1024×768.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top