МАРНет започнува со регистрација на .мк домени
МАРНет повторно се активира. Од 16.02, среда, ќе може да се регистрира домен и да се понудат други активности во врска со регистрацијата на .мк домените.
МАРНет повторно се активира. Од 16.02, среда, ќе може да се регистрира домен и да се понудат други активности во врска со регистрацијата на .мк домените.
Apple ќе претстави мини-iPhone, помалечка варијанта на популарниот телефон кој ќе биде скоро два пати поевтин од оригиналниот, пишуваат два сериозни медиуми, првин Bloomberg, а потоа и Wall Street Јournal.
Валентин е ден на заљубените нели, со тоа и ден за давање подароци на својата подобра половина. По повод празникот It.com.mk се прошета низ ГТЦ и низ веб во потрага по интересни гик уреди со цел да ви инспирираме идеја за подароци.
Сервисот за микро-блогирање во 140 карактери веќе подолго време ги привлекува големите компании со својот можен потенцијал, популарност и стотина милиони корисници. Сега се појавуваат информации дека Twitter е во „рани разговори со потенцијалните купувачи“, меѓу кои и Facebook и Google.
На LinkedIn најбројни се корисниците кои се меѓу 34 до 54 години, а најмногу се од финансиската индустрија и од индустријата на висока технологија, според инфографикот на Gigya. Најбројни се компаниите кои имаат до 1.000 вработени.
Microsoft објави Chrome екстензија за Windows корисниците со која ја враќа поддршката на H.264 видео кодекот во прелистувачот на Google.
Наскоро сите апликации на друштвената мрежа ќе започнат да ги користат Facebook Credits како примарна виртуелна валута за продавање виртуелни добра. Facebook подготви две нови Credits програми со кои развивачите на апликации можат да ги искористат виртуелните Credits.
Кога Facebook го славеше својот 6-ти роденден имаше 350 милиони активни корисници, од кои македонци беа 550.000. Сега по само за една година, дополнителни 150-200 милиони корисници се приклучија на мрежата, од нив има нови 271.340 македонци Facebook корисници.
Ѓокица на форум објави интересна, забавна и детална рецензија на своите нови Sennheiser HD 485 слушалки. За многумина се само слушалки, но неговата рецензија е поглед на како секој хардвер ентузијаст гледа на уредите, и како треба да се гледа на хардвер - детално, прецизно, со цел да се извади максимумот од, во овој случај, слушалките.
Еден куп комерцијални и сите владини сајтови немаат полиса за приватност. Поентата на полисата за приватност не е само да се информира дека се собираат информации, секој сајт ги мери посетите со алатки кои ги собираат кориснички информации, туку и за да покаже одговорност кон корисниците дека тие кориснички, лични информации ќе ги зачува најдобро што може.
Како ти се допадна Social Network? Па, беше интересен, му одговара основачот на Facebook, Марк Закерберг на Џеси Ејсенберг, главниот актер на филмот за Facebook на Saturday Night Live.
Интернет гигантот заедно со уште 17 светски уметнички галерии и музеи креираа портал каде корисниците, налик на Street View технологијата, ќе може да прошетаат низ музеите и да прегледуваат над 1.000 импресивни уметнички дела.
Google стартува неколку новина за својот Docs веб сервис, интегрирајќи опција налик на Gmail-oвата priority inbox, со која ќе може да се сортираат документите според приоритет, според последен датум на промена или по име. Оваа опција, вели Google, ќе овозможи полесно и побрзо организирање на документите.
LastPass е одличен и безбеден менаџер за лозинки кој не само што ви ги чува сите лозинки од сите сервиси, туку и автоматски ве логира. Куцањето лозинки може да не е проблем за десктоп компјутерите, но за мобилните може да биде проблем.
Практичното користење на ревулуционерните принципи на безжичната уметност само што започна, вели генијалниот инженер Никола Тесла во New York Тimes од 1909 година предвидувајќи ги мобилните телефони десетина години пред тие да бидат откриени и практично да се користат.
Само две години од објавувањето, Android на Google стана најпродаваниот оперативен систем за паметни телефони во светот, надминувајќи го Symbian на Nokia, се вели во истражувањето на Canalys.
Колку бргу можете да искуцате SMS порака на мобилен со стандардната QWERTY тастатура? Ако можете да искуцате 264 карактери за помалку од 77 секудни тогаш може ќе треба да се пробате во „брзи прсти“. Овој рекорд, кој е за неверојатни 43 секунди побрз од претходниот, го постави Чеонг Кит Ау од Австралија на овогодинешниот LG Mobile World Cup 2011.
Семос Едукација од 7 февруари ќе стартува оnline обука за Java, Мicrosoft и Cisco, наменето за луѓе кои не се од Скопје. На слушателот му е потребно веб камера за да го следи предавањето и микрофон доколку сака да постави прашање.
Со iPhone апликацијата Prowl и Arduino етернет штит може да си направите вашето физичко поштенското сандаче да добиете информација на вашиот телефон кога ќе добиете поштенско писмо, велат од Мike Magazine.
Сега кога ќе добиете нов Gmail мејл или нова чет порака ќе бидете известени преку pop-up нотификација во ќош на прелистувачот, во моментов само за корисниците на Chrome, другите прелистувачи ќе мора да почекаат.