Сите уреди и дрангулии подолу се од .мк продавници, фотографиите се од физичките продавници, додека сликите се од веб продавниците.
Disclaimer: Не е целта ова да биде реклама на продавниците, чии производи ги одбравме само поради тоа што нам ни се чинеа интересни. Целта на текстот сте вие, читателите.
Прво да почнеме со глувчињата. Еве неколку од Аnhoch со симпатичниот дизајн, и сугестивно Love испишано на еден од продуктите, упатуваат на љубовна порака.
За ИТ ентузијастка со стил. Ја има по повеќе бои, а интересно е што буквите на тастатурата се ракописно напишани. Tастатурата е од Аnhoch продавницата во ГТЦ.
Малечко, но функционално и не е само за Apple љубителите. iPod shuffle од Duna e добра идеја за подарок.
Еден од пооткачените уреди на кои наидовме е шпионска камера со 4GB USB и далечински контролер во форма на лименка од Coca-Cola на веб продавницата на Revolution Computers.
Coca-cola камерата е epic, но има и други интересни камери.
Доколку девојката/дечкото е World of Warcraft играч има интересни фигури во Ex.mk веб продавницата.
Одличен звук, добра цена, супер подарок за музичките ентузијасти. Слушалкиве се од Duna.
Добар подарок може да бидат и стилизирани торби за лаптопи. KupiLaptop има избор на разновидни торби.
Oдличен подарок се и мали стилизирани USB стикови. Во Tc.mk има интересни стикови за женски и за машки.
Со USB одат и додатоците кои можат да бидат симпатични, како USB хабот од Anhoch, уред за закачување на неколку стикови.
Работнички прибор со саат, сон на секој хардвер ентузијаста. Компјутерите нема да се отворат сами. Сетот е од Steel Time.
Добра идеја за да се подари на машко е волан за симулации за тркање. Digit Computers од Штип има релевантно ефтин волан.
За крај за да си ги зачувате спомените имате дигитални рамки за слики од Set.
Ај кажете нешто повеќе околу Стил Тајм – Сектор пакетот каде може да се купи и дали го има во Македонија.
Steel Time се наоѓа во ГТЦ, како и сите вклучени продавници. Фотографијата е од внатре во дуќанот, па ако се упатите таму ќе добиете повеќе информации.