1
Flyer, 7-инчен таблет од HTC
HTC го претстави 7-инчниот таблет Flyer, кој го промовира како уред за „сериозен гејминг каде и да отидете“. Таблетот ќе работи на Android 2.3 оперативниот систем, не е новата Honeycomb верзија наменета за таблети што може да биде проблем во поглед на конкуренцијата. Flyer го има и со HTC Sense интерфејсот, познат на многумина бидејќи се користи на куп разни HTC уреди.