Новиот мини-уред со кодно име N97 ќе биде „во линија“ со останатите мобилни Apple-ови уреди, вели извор кој го видел прототипот на уредот.
Се споменува цена од 200 долари за уредот, што е многу поевтино од 500-600 долари за iPhone 4. Со ова, доколку е точна информацијата за цената, Apple ќе може да допре и до евтиниот пазар каде во моментот замав земаат Android телефоните. Аndroid телефоните, разновидни уреди креирани од разни производители со разни цени, неодамна станаа најпродавани паметни телефони, што значи дека за многу бргу време ќе бидат доминантни на пазарот. Затоа одговорот на Apple со претставување на евтина варијанта на популарен уред има логика.
Исто така Аpple планира да го направи MobileMe бесплатен сервис. MobileМe е онлајн складиште каде корисникот може да закачи свои податоци и фајлови, а за кое се плаќаше 99 долари годишно. Со бесплатен сервис и со претставување на телефон достапен за помасовната публика Apple ќе може да го искористи веб сервисот MobileMe како корисничко складиште за слики, видеа и музика со што ќе ослободи простор на уредите кој до сега беше користен за чување фајлови.
Според изворите запознаени со Apple, малиот уред и бесплатен MobileMe се топ приоритети на директорот на Apple, Стив Џобс.
Се очекува уредот и бесплатното веб складиште да бидат претставени на лето, но плановите можат да се променат.








Apple N97 хммммм… малце глупаво име, многу ме потсеча на Nokia N97.
Istoto i jas go pomisliv…
работно име им е, како за „таен“ проект :) Џобс знае како со имиња, ќе стави едно i пред нешто сигурно :P