Avatar photo

Дејан Соколоски

8.751 написи активност: 04/2011 - 08/2026

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ

Франција го казни Uber поради UberPop, двајца менаџери избегнаа затвор

Судот во Париз одлучи дека UberPoP е нелегален сервис за транспорт, и го казни сервисот со 900.000 долари, додека двајцата менаџери се поштедени од затворска казна, јави Venturebeat. Судски процес се одвиваше против Пјер-ДимитриГоре-Коти, генерален менаџер на Uber за Западна Европа, и Тибо Симпал, генерален менаџер на Uber за Франција. Двајцата поминаа со парична казна од […]

0 коментари Прочитај 10 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни

Lenovo ги претстави модуларниот Moto Z и првиот Project Tango телефон

Кинсекиот Lenovо ќе се обиде со модуларен телефон и Project Tango уред да се врати во глобалната трка. Засега бројот на модуларни уреди е минимален, и се чини дека Lenovo сака да биде меѓу првите производители кои ќе профитираат од интересот на корисниците. Новите уреди кои ги претстави Lenovo на Tech World настанот се Moto […]

0 коментари Прочитај 10 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни Свет

App Store 2.0 или дали Apple повторно ќе ја редифинира продажбата на софтвер?

Иако сме во исчекување на WWDC 2016 на Apple следната недела, сепак се чини дека веќе ја имаме главната вест нешто порано. Компанијата ќе направи редизајн на AppStore, а најверојатно најголемата вест е промената на заработката од апликациите. Редизајнот ги откри потпретседателот за глобален маркетинг на Apple, Фил Шилер, во интервју за Verge. Аpple ќе стартува […]

0 коментари Прочитај 10 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер

Aлатката за соработка Slack сега нуди и гласовни повици

Корисниците на сервисот за споделување на фајлови, слики, pdf, табели и куп други формати, Slack, сега нуди и можност за гласовен разговор. Надградбата доаѓа и на десктоп и на мобилната верзија. Гласовните разговори доаѓаат и за претплатниците, и за корисници кои го користат сервисот бесплатно, но претплатниците ќе имаат предност да користат групни разговори. Компанијата […]

1 коментар Прочитај 10 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хак-атак/Приватност

Универзитетот Калгари исплати откуп од 20.000 долари

Канадскиот универзитет од Калгари беше цел на сајбер напад, во кој хакерите ги криптираа нивните податоци со софтвер познат како „ransomware“. За ослободување на податоците мораа да платат 20.000 канадски долари. Над 100 компјутери на универзитетот беа зафатени од нападите. „ИТ тимовите на универзитетот работат цела недела да ги поправат баговите со имејлот, Skype, безжичната мрежа […]

1 коментар Прочитај 10 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет Хардвер

Лери Пејџ инвестира во компании за летечки автомобили

Лери Пејџ финансира неколку компании кои работат на летечки автомобили, но токму работата на автономните возила на Google ќе помогне овие возила да се кренат од земја и да полетаат, вели Bloomberg. Zee.Areo е една од овие компании, основана е во 2010 година и има околу 150 вработени кои работат на летечките возила.  Леталото на […]

2 коментари Прочитај 10 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет Хак-атак/Приватност

Властите собираат повеќе податоци отколку што можат да анализираат

Куповите на податоци кои британската агенција MI5 ги собирала со Milkwhite програмата, наместо да им ја олесни работата, ги доведе шпионите до поголем ризик, јави Intercept. Податоците ги прибира британската агенција за контраразузнавање GCHQ и потоа го споделува со останатите агенции. Опасноста лежи во немањето време да се анализираат сите податоци, што значи дека се […]

0 коментари Прочитај 8 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи Мобилни

Android апликацијата на Twitter ќе биде со Material Design

Twitter корисниците кои ја користат апликацијата на Android, ќе забележат нов, надграден и помодерен дизајн. По новата надградба на апликацијата ќе бидат вклучени најдобрите делови на Android, вели Марјан Веланикаран од Twitter. Новата верзија на Twitter во целост ќе ги користи можностите на Google Material Design. На кратко, отсега корисниците ќе можат со повлекување да го променат […]

0 коментари Прочитај 8 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Друштвени мрежи

Ги знаеме сите ваши тајни, вели Стив Хoфман од Reddit

Стив Хофман, ко-основачот на Reddit, вели дека нема дилeма околу монетизацијата на сервисот. Таа мора да биде преку реклами, но предноста на Reddit е што знае како да ги таргетира тие реклами. Г. Хофман беше говорник на неодамнешната TNW конференција, на која освен финансирањето, зборуваше и за дизајнот на Reddit и за предизвиците кои сега […]

0 коментари Прочитај 8 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК

ИТ настан: Како до стигнете до финансии за својата идеја

Ако ги прашате компаниите и стартапите, тоа што ќе ви одговорат е дека никогаш нема доволно пари. Затоа CEFE Macedonia организира обука во која ќе се обидат да им помогнат на претприемачите да дојдат до потребните финансии за само седум дена. Барем тоа е ветувањето. На крајот на настанот посетителите ќе имаат нови знаења за над […]

0 коментари Прочитај 8 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Аксeл Роуз бара од Google да гo цензурира fat Axel мемeто

Иако зголемената телесна тежина не е воопшто за исмејување, шеги на сметка на суетата се секојпат добредојдени. Пејачот на популарната група Guns and Roses, Аксел Роуз, побара да бидат отстранети неговите слики од 2010 година, кога тој беше малку подебел отколку што треба да изгледа рок ѕвезда. Но, според г. Роуз наведената причина за ова […]

2 коментари Прочитај 8 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет Софтвер

Kill Switch за вештачката интелигенција на Google

Вештачката интелигенција на Google сепак ќе доаѓа со безбедносно исклучување. Очекувањата се дека компанијата ќе претстави „Kill Switch“ копче на следната Conference on Uncertainty in Artificial Intelligence. Најголемата грижа е дека додека прибира податоци вештачката интелигенција на Google, DeepMind, би можела да научи несоодветна содржина по што би можела да стане опасна. За да нема […]

0 коментари Прочитај 7 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи Хак-атак/Приватност

Русија не е имуна на сајбер напади: Украдени се 100 милиони ВКонтакте профили

Податоци од над 100 милиони профили на најголемата руската социјална мрежа VKontakte се на продажба на црниот пазар, јавува Motherboard. Податоците содржат имејл адреса, име, презиме, локација, телефонски број и лозинка, вели LeakedSource. Лозинките на VK.com во моментот на пробивањето биле чувани во „plaintext“ што значи дека секој може да пристапи до нив. Најчесто користени лозинки […]

0 коментари Прочитај 7 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Uber ќе наплаќа ако нивните возачи чекаат подолго од 2 минути

Нема повеќе порано повикување на Uber. Компанијата отсега ќе наплаќа за секоја минута по првите 2, доколку возачот го чека корисникот. Uber јави дека на ваков чекор се одлучиле откако сфатиле дека постојано праќаат нотификации до корисниците дека нивниот Uber превоз е подготвен, вели The Next Web. Цената за минута чекање е во зависност од градот. […]

0 коментари Прочитај 7 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи Хак-атак/Приватност

Упс, му ги пробија Twitter и Pinterest прoфилите на Марк Закерберг

Марк Закерберг по сѐ изгледа долго време не е на Twitter и на Pinterest, а изглeда и дека не ги следи правилата за безбедност на Интернет. По пробивањето на базата на податоци на LinkedIn, податоците на г. Закерберг беа злоупотребени од група што се нарекува OurMine Team за пристап до профилот на овие социјални мрежи. Лозинките […]

0 коментари Прочитај 7 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

Адам Савиџ од MythBusters ја тестираше виртуелната реалност

„Ох ќе бидам зависник од ова!“ е заклучокот на Адам Савиџ од Mythbusters, по посетата VR Funhouse и тестирањето на физичкиот енџин на Nvidia. Реакциите на Адам се како што ги помниме од MythBusters, a доколку ви недостасува шоуто можете и да ја посетите неговата веб-страница Tested.com.

0 коментари Прочитај 7 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Мобилни

Мери Микер: Состојбата на интернет денес, и што нѐ очекува во иднина

Бројот на интернет корисници во минатата година достигна 3 милијарди, вели инвеститорката и аналитичар Мери Микер од Kleiner Perkins Caufield & Byers. Станува збор за пораст од 9 отсто што е помал од минатата година. Можеби најдобар показател за кој е наголем двигател на новите приклучоци е што доколку се исклучи Индија, бројот на нови корисници се […]

0 коментари Прочитај 6 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК

Claxi и Fueloyal се победниците на МАСИТ ИКТ награди 2016

Claxi на Bransys, Fualoyal од 4Virtus, решението за јавни набавки на Горд, и решението за имплементираност во возилата на ЈСП од Македонски Телеком, се победници на годинешните ИКТ награди 2016 на Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (MASIT). На натпреварот се пријавија десет решенија кои се натпреваруваа во пет категории: приватен сектор, јавен сектор, извонредни мобилни решенија, решенија за дигитални […]

0 коментари Прочитај 6 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

Google и кинескиот Mobvoi ќе го редизајнираат ретровизорот

Кинеската компанија Mobvoi, која пред нешто повеќе од половина година доби инвестиција од Google, започна со изработка на паметен ретровизор. Mobvoi досега работеше на развој на паметни часовници и технологија која се активира со гласот, па гласовното активирање на новиот ретровизор не изненадува. Името на новите ретровизори е Ticmirror, и ќе бидат на некој начин […]

1 коментар Прочитај 6 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Норвешка сака да ги забрани автомобилите на бензин од 2025-та

Од 2025 година во Норвешка повеќе нема да може да се купуваат автомобили на бензин или нафта, вели извештајот на Дагенц Нарлингслив, кој го пренесе TheNextWeb. Властите во Норвешка и досега беа огромен поддржувач на електричните возила, иако ова е радикален чекор. Но, она што е интересно е дека можеби нема да има потреба од […]

0 коментари Прочитај 6 јуни, 2016
Мени
Заедница
Изглед