2 коментари 2 мин. читање 8 јуни, 2016

Аксeл Роуз бара од Google да гo цензурира fat Axel мемeто

Иако зголемената телесна тежина не е воопшто за исмејување, шеги на сметка на суетата се секојпат добредојдени. Пејачот на популарната група Guns and Roses, Аксел Роуз, побара да бидат отстранети неговите слики од 2010 година, кога тој беше малку подебел отколку што треба да изгледа рок ѕвезда. Но, според г. Роуз наведената причина за ова не е прекумерната тежина со која имаше проблеми во овој период, туку дека фотографот Борис Минкевич немал право да ги објави сликите.

Дел од корисниците сметаат дека токму ова е причината за отстранување на „fat Axl“ мемето. Пејачот се обиде со DMCA да побара симнување на сликите, но интернет му врати набрзина, па мемето сега е попребарувано од преходно.

Барањата на г. Роуз се испратени до Google на 31 мај, но засега е нејасно дали Google воопшто има намера да ги отстрани. Google воведе „право да бидеш заборавен“ на интернет, но тоа право важи само за линкови и содржини кои се со застарен контекст. Тоа правило функционира само во Европа.

18-fat-Axl-Rose-meme

fat-axl-rose-meme-1

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
1
1
10 years ago

Малку иронично. Со овој потег само ќе се рашири повеќе мемето и SEO-то за мемето…

Мени
Заедница
Изглед
To top