Ни Доналд Трамп не може да гo убеди Apple да го прави IPhone во САД

Една од изјавите на Доналд Трамп со која се обидува да го привлече вниманието на гласачите, е дека доколку биде избран за претседател на САД ќе го врати производството на iPhone во земјата. Неговата намера е најдобрата американска компанија да произведува американски производ од американски работници. Но, настрана од неговата дволичност за која може да прочитате на Forbes, производството на Apple во Кина е префрлено пред сѐ од практични причини, и нема никаква бизнис логика тоа да биде вратено во САД. Проблемот не е само во работната рака и логистиката, туку и во користење на метали кои не можат да се најдат во САД.

Трите сценарија кои ги разгледуваше MIT Technology Review покажуваат дека поскапата работна рака во САД е најмал фактор од цената на iPhone. Во првото сценарио, Apple ќе ги премести фабриките назад, и дури и работниците во САД да бидат исто платени како нивните кинески колеги цената на телефонот ќе порасне за 5 отсто. Главна причина за повисоката цена е транспортот и логистичките трошоци. Иако Apple е заслужен за 1,6 милиони работни места, сепак на склопувањето на телефоните работи значително помал дел, па тврдењата на г. Трамп нема да креираат доволно работни места. Во тоа сценарио цената на iPhone ќе порасне околу 40 долари.

Второто сценарио е доколку Apple успее да убеди дел од своите партнери кои креираат делови за iPhone да се префрлат во САД, бројот на отворени работни места ќе биде значително поголем бидејќи ќе работат на Gorilla Glass, процесорот, камерата, дисплејот, NAND и DRAM, радио појачалата и трансиверите. Машините кои ги произведуваат овие делови се произведуваат во САД и се продаваат насекаде, што е предност. Но, најголемиот проблем е што обемот на производство е голем, што само за изработка на процесорите Applе ќе треба да користи фабрики низ целиот свет. Во такво сценарио цената на iPhone ќе порасне 100 долари, поради потешкотиите со транспорт и логистика.

Последното сценарио, „Аll Аmerican iPhone“ е замислено како телефон изработен од американски атоми. Ова е невозможно сценарио, бидејќи голем дел од металите и елементите кои се потребни за изработка на iPhone ги нема во САД. Дури и за најголемиот дел на iPhone кој треба да се изработи од алуминиумот нема рудници во САД, па мора да бидат изработени од рециклиран алуминиум. Неодимиум, лантан, хафниум воопшто и нема во САД. Во вакво сценарио Аll American iPhone не може да се изработи.

Повеќе детали може да видите на страницата на Technology Review.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk