Франција го казни Uber поради UberPop, двајца менаџери избегнаа затвор

во ИТ.ЕУ

Судот во Париз одлучи дека UberPoP е нелегален сервис за транспорт, и го казни сервисот со 900.000 долари, додека двајцата менаџери се поштедени од затворска казна, јави Venturebeat. Судски процес се одвиваше против Пјер-ДимитриГоре-Коти, генерален менаџер на Uber за Западна Европа, и Тибо Симпал, генерален менаџер на Uber за Франција. Двајцата поминаа со парична казна од 34.000, односно 22.000 долари. Половина од казните за Uber и за менаџерите се со одложено плаќање, во зависност од однесувањето во иднина.

Причината за казната е сервисот UberPop кој овозможува поврзување на корисници на кои им е потребен превоз и возачи кои не се професионалци. Ова му овозможува на секој кој поседува возило да биде такси возач, но тоа не им се допаѓа на законодавците во Европа. UberPop веќе е забранет во Франција, а претходно го забранија и Италија, Шпанија, Германија, а наскоро забрана би можела да пристигне и во Белгија и Холандија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments