1 коментар 2 мин. читање 10 јуни, 2016

Одлетајте на работа, Ehang започнува со тестови во Невада

Кинескиот производител на леталото Ehang 184, кое беше претставено во јануари на CES 2016, доби дозвола да го тестира возилото во Невада, САД. Засега не станува збор за тестови во населена област, туку во зона која е дозволена за тестирање на беспилотни летала. „Ова е историски договор кој ќе биде темел на идно партнерство во областите за тестирање на летови, тренинг и развој“, вели гувернерот на Невада.

Ehang 184 е електрично беспилотно летало кое може да пренесува еден патник за 23 минути лет, по што мора да се полни. Проблемите за ваков превоз се бројни: од строгата регулација, па сѐ до безбедноста на патниците. Тестовите ќе помогнат да се надминат дел од предизвиците, но за летала остануваат проблемите со законите. „Потегот ќе ги постави темелите за комерцијализација на 184 и ќе го означи почетокот на транспортот со беспилотни летала“, вели Хуанжи Ху, директорот на Ehang 184.

Леталото може да летала до 3,5 километри во висина, со брзина до 100 km/h. Сѐ што треба патникот да направи е да ја внесе дестинацијата, а понатаму леталото самостојно ќе го однесе, вели Guardian.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top