Кинсекиот Lenovо ќе се обиде со модуларен телефон и Project Tango уред да се врати во глобалната трка. Засега бројот на модуларни уреди е минимален, и се чини дека Lenovo сака да биде меѓу првите производители кои ќе профитираат од интересот на корисниците. Новите уреди кои ги претстави Lenovo на Tech World настанот се Moto Z и PHAB2 кои доаѓаат со куп сензори и можност за проширена реалност преку Project Tango на Google.
Moto Z ќе доаѓа со можност за дополнителни компоненти кои му се додаваат на уредот. Покрај дел од компонентите кои ќе доаѓаат од Motorola, слично како и Google со Project Ara, и Lenovo се надева дека дел од дополнителните компоненти ќе доаѓаат од трети производители. Сепак, за разлика од Project Ara, Moto Z сепак не е потполно модуларен телефон и повеќе наликува на LG G5. Dополнителните елементи се вклучуваат преку конектор. Засега нема податоци за цената на уредот.
Иако Moto Z е интересен уред, нова ѕвезда на Lenovo се PHAB2 телефоните. По сѐ изгледа ова ќе бидат новите „flagship“ телефони на компанијата. PHAB2 Pro доаѓа со 6,4 инчен дисплеј, 4GB RAM меморија, Snapdragon 652, 64GB слободен простор. Со оглед на тоа дека станува збор за нова технологија, телефонот сепак е наменет за ентузијастите. Но, тоа не е новост за Lenovo. „Токму тоа го очекуваме за првиот чекор во процесот“, изјави Џеф Мередит, заменик претседател на Lenovo, за Recode, кој се надева дека првите купувачи на телефонот ќе го рашират зборот за модуларните телефони.







