Универзитетот Калгари исплати откуп од 20.000 долари

Канадскиот универзитет од Калгари беше цел на сајбер напад, во кој хакерите ги криптираа нивните податоци со софтвер познат како „ransomware“. За ослободување на податоците мораа да платат 20.000 канадски долари. Над 100 компјутери на универзитетот беа зафатени од нападите. „ИТ тимовите на универзитетот работат цела недела да ги поправат баговите со имејлот, Skype, безжичната мрежа и останатите сервиси. Останатите корисници засега ги советуваме да не ги користат компјутерите додека заканата од идни напади не е минимизирана“, вели Линда Далгети, заменик – претседател на Универзитетот Калгари, за Calgary Herald.

Со злонамерниот софтвер се зафатени и криптирани фајлови и електронска пошта, па се чини дека универзитетот и немал избор, кога морал да ја исплати прилично високата сума за откуп. Заштитата од ransomware не е едноставна, досега има над 120 различни различни фамилии на софтверот. Вообичаено напаѓачот или ги криптира податоците со што стануваат бескорисни или доколку има инкриминирачки податоци се закануваат дека ќе ги објават јавно.

Злонамерниот софтвер е присутен и во Македонија, на форумот може да видите дел од искуствата на македонските корисници. Неофицијално со „ransomware“ имаат проблеми и ИТ-службите во држави агенции и судовите. Неодамна откуп од 17.000 долари плати Hollywood Presbyterian Medical Center, а напаѓачите го посрамотија и полицискиот одред од Масачусетс, кој исплати „скромни“ 450 долари, потсети BBC.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] се можеби најголема опасност за дел од корисниците. Универзитети, болници, па дури и јавен транспорт беа цел на ransomware […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk