Zoom.it е најкул сервис за споделување слика и сајт
Zoom.it е сервис на Microsoft Live Labs преку кој закачувате URL од слика или сајт и добивате интерактивен преглед на истата со можност за зумирање и мрдање на сликата.
Zoom.it е сервис на Microsoft Live Labs преку кој закачувате URL од слика или сајт и добивате интерактивен преглед на истата со можност за зумирање и мрдање на сликата.
Facebook за Android доби подобрена верзија во која пораките и нотификациите се различни копчиња, а додадени се настаните и барање за пријателство.
Наидов на добра графика на PPCblog.com која објаснува скоро комплетно како функционира Google, од внесување на терминот кој се пребарува до како интернет пребарувачот ги пребарува сајтовите и детали за неговите дата центри.
Microsoft Македонија го претстави Office 2010, последната верзија на популарниот софтвер користен за канцелариско работење. Од воведување на нови пакети за продажба до подобрување на функционалностите и перформансите, новата верзија на Office делува доста интересно и пред сé продуктивно.
Минатата недела во текстот "Анти-вувузела мерки" објаснив за неколку мерки со кои би можеле да го намалите или целосно избегнете звукот на досадните вувузели кои станаа главна тема на светското првенство во Јужна Африка.. Покрај мал милион Flash игри, Facebook групи, посебни сајтови и петиции со кои се бара забранување на вувузелите, денеска се огласи на оваа тема и Google, со тоа што на YouTube објави опција со која ќе можете при гледањето на било кое видео, да "уживате" во звукот на вувузелите.
Еуфоријата околу светското првенство во Јужна Африка многу јасно се одсликува преку разните маркетинг кампањи. Нема продукт чија реклама, банер или оглас во весник не инволвираат споменување на фудбалот или првенството во некаква мера. Бев пријатно изненаден од банерот на американскиот мобилен провајдер AT&T кој беше објавен на ESPN.com и кој на доста лесен и иновативен начин ги инволвира посетителите, благодарение на проширената реалност.
Светското првенство во Јужна Африка дефинитивно ќе биде запаметено поради две работи... затворената игра на тимовите на самиот почеток од мундијалот и вувузелите - досадните пластични навивачки труби со монотон звук. Звукот произведен од овие "инструменти" луѓето го споредуваат со звукот кој го дава стампедо на гласни слонови или пак огромно јато на лути пчели. Интересно, особено од ИТ аспект, е тоа што многу гледачи иритирани од звукот на "инструментот на ѓаволот" пронајдоа неколку технички начини за како да го филтрираат досадното бзззз....
Пред само месец дена, на I/O конференцијата Google го претстави својот најнов проект, Google TV, со кој планира да ја поврзе телевизијата со интернетот. Денеска, Google објави уште едно видео каде што го објаснува концептот и начинот на функционирање на овој сет...
Споделувањето на гео-локацијата станува вистински хит во виртуелниот свет, доказ за тоа е масовната употреба на сервисите како FourSquare и GoWalla, а трендот е присутен и кај нас - #mkstreetup + "Интересни FourSquare бизнис идеи од Македонија". Пред неколку месеци и Twitter се придружи во оваа "игра" и го објави својот гео-локациски сервис за сите корисници, а вчера се реши да го подобри со попрецизно тагирање и имплементација на FourSquare и Gowalla.
Информатичко општество во Србија е доста слично на македонското... ова, на мое големо изненадување, ми беше главниот впечаток кој го добив од еднодневната конференција iFront која се оддржа во четвртокот во Белград, на која бев поканет од организаторите како презентер.
Проф. д-р Марк Гасон од Универзитетот во Ридинг, Англија, е првиот човек во светот кој е инфициран со компјутерски вирус. Британскиот научник направил експеримент каде што имплементирал RFID чип со инсталиран компјутерски вирус во својата рака. Професор Гасон вели дека неговата егзибиција е „доказ за принцип“ со кој предупредува дека RFID чиповите треба да бидат сфатени сериозно бидејќи оваа технологија во иднина ќе стане вообичаена.
Nexus Оne e првиот телефон на Google со кој гигантот директно навлезе на пазарот на мобилни телефони. Благодарение на фактот дека телефонот е брендиран со логото на Google, Nexus One инстантно го доби вниманието на голем број медиуми и интернет корисници. Паметниот телефон е изработен од тајванскиот производител HTC и очекувано доаѓа со мобилниот оперативен […]
Од пред неколку дена почна да кружи информацијата дека новиот таблет на Apple, наречен iPad, е достапен да се купи и во Македонија преку лаптоп центарот КупиЛаптоп и тоа само 7 дена по официјалното претставување на американскиот пазар.
Ако пред само година-две беше реткост да се забележат паметни телефони (smartphones) кај македонските корисници и се чувствуваше степен на ексклузивност кога некој имаше iPhone или последен модел на Nokia или BlackBerry, денеска сликата на македонскиот пазар е сосема различна. Благодарение на достапноста на уредите и се по-„смарт“ корисници, овој вид на телефони се во многу џебови и очигледно според сите очекувања и самата побарувачка бројката само ќе расне и понатаму со забрзано темпо.
Google најави измена во Google Аnalytics со која корисниците ќе можат да одберат дали или не сервисот да ги собира нивните информации. Google Analytics e алатка која ја користат сајтовите (пример IT.com.mk) за да ги измерат посетите на сајтот, времето колку корисниците поминуваат на сајтот до информации од каков прелистувач сурфаат посетителите.
Nokia пред извесно време го претстави својот нов модел, N900, кој воедно е и првиот Nokia паметен телефон со Linux-базираниот оперативен систем Maemo. Во соработка со Vip оператор, кој во својата понуда го донесе N900 моделот, имавме можност цела недела да го тестираме овој уред и подобро да се запознаеме со неговите карактеристики и функционалности.
Aдминистрацијата на Барак Обама се одлучи за доста храбар потег - да го имплементира и искористи слободниот софтвер за менаџмент на онлајн содржини Drupal и тоа за официјалниот сајт на Белата Куќа. Овој потег на најнапредната американска администрација во поглед на ИТ досега, му дава посебно значење на слободниот софтвер.
Бидејќи во Македонија има "негативен тренд на користење се повеќе англиски зборови од информатичката технологија во секојдневната комуникација", Министерството за информатичко општество реши да ја исправи таа грешка и објави поимник на македонски зборови од областа на ИТ.
Во Македонија, во споредба со соседните земји, забележуваме натпросечно знаење за ИТ индустријата, вели Стефан Плавјански, менаџер за продажба на HP за Македонија и Косово. „Но трошењето за ИТ по глава на жител е сѐ уште далеку од нивоата во ЕУ, па дури и од оние на земјите кои неодамна се приклучија кон ЕУ. Ова […]
Крадење текстови не е нешто ново низ македонските медиуми и портали. Го имам искусено од прва рака, а имам и читано за вакви случаеви. Откако ќе ги пишеме или зборуваме со „пиратите“ секогаш завршува со извинување, тргање текст или „нема више жими сé“ филозофија.