Nokia N900 – компјутер во вашиот џеб

Avatar img-thumbnail img-circle

во Рецензии

Први импресии и општи спецификации

Првите импресии кои ги добивме кога N900 се најде во нашите раце беа дека телефонот со
димензии од 110.9 x 59.8 x 18 mm и тежина од 181 грам е поголем и потежок од своите конкуренти и претходници. Nokia N900 е создаден од цврста пластика со метални краеви околу 3.5 инчниот екран на допир кој е со одлична резолуција од 800 х 480 пиксели.

Недостигот на дизајн и други декорации сами по себе говорат дека N900 не е телефон со “кој ќе ги следите модните трендови”, туку е телефон наменет за луѓе кои имаат потреба својот компјутер да го пренесат во соодветна мобилна алтернатива.

Други карактеристики на N900 се:

  • Целосна лизгачка QWERTY тастатура
  • IEEE 802.11b, IEEE 802.11g, Bluetooth 2.1 EDR
  • GPS, Вграден FM трансмитер, Вградени стерео звучници
  • Музички плеер кој поддржува MP3, WMA, AAC, M4A, и WAV фајлови
  • 32 гигабајти меморија
  • 5 мегапикселна камера со авто фокус и блиц
  • Простор за microSD картичка

Функционалност

“Не го суди човекот телефонот по надворешниот изглед” – ова е поуката која веднаш ни дојде на ум кога го активиравме N900 и почнавме да го користиме. Моќен, флексибилен и дефинитивно телефон со одлични софтверски перформанси наменет за поискусните корисници кои се зависни од интернет. Дури и самиот видео туторијал “Get Started…” е многу краток и не навлегува во деталите за како да го користите телефонот.

Софтверската платформа на N900 ќе ве воодушеви уште на самиот почеток кога ќе ви понуди 4 десктоп позадини кои можете да си ги подесите по своја желба – да поставите календар, контакти, икони до апликации, икони до сајтови, RSS и слични апликации на начин на кој вие тоа го сакате.

Навигацијата на телефонот е доста слободна, а тоа се должи и на екранот на допир кој навремено одговара на сите реакции. Споредбено со другите телефони од оваа категорија кои ги имамe користено, бевме воодушевени од слободата која N900 ја пружа благодарение на Linux-базираниот ОС Maemo.

N900 овозможува функционирање на повеќе апликации одеднаш, притоа давајќи ви лесен пристап од една до друга апликација, т.е. одлична платформа за мулти-таскинг.

Слободно може да кажеме дека пребарувањето на сајтови и навигацијата преку прелистувачот на N900 претставува привилегија, функциите се вршат на цел екран а пребарувачот е базиран на технологијата на Mozilla која стандардно поддржува AJAX, Flash и др… Малата лизгачка QWERTY тастатура овозможува брза адаптација (единствена маана е тоа што Space копчето не е стандардно) и дополнително го подобрува вашето корисничко искуство.

Nokia N900 е телефон кој нуди постојана комуникација не само преку СМС и повици, туку и преку ИМ клиентите како Gtalk, Sкype, MSN, Jabber и многу други, а за да телефонот биде правилно искористен мора да има постојан пристап до интернет. За таа цел постои можност само со два клика да изберете и менувате каков тип на конекција ќе го поврзе вашиот уред со светот.

Kако мало ограничување во поглед на софтверот може да се напомене тоа што телефонот, односно апликациите најчесто треба да се користат во хоризонтална состојба, што е донекаде разумно земајќи ја во предвид лизгачката тастатура, но би било уште подобро доколку би можелo и одредени апликации како веб прелистувачот да биде достапен и доколку телефонот го користите во вертикална состојба.

Импресивен е и квалитетот на фотографиите направени со 5 мегапиксели Carl Zeiss Vario-Tessar камерата вградена во N900, но сепак очекувајте само задоволителни фотографии доколку имате недостаток на светло во просторијата бидејќи блицот не е нешто посебно.

Според карактеристиките на производителот, литиумската батерија на N900, 1320mAh, може да издржи до 9 часа разговор, или до 5 часа сурфање преку 3G мрежа. Иако не вршевме посебни тестови за издржливоста на батеријата, особено од причина што може лесно да се замени или да се има резервна, со просечно активно користење на N900, батеријата ни држеше дури и по 24 часа.

Заклучок

N900 дефинитивно е предводникот на една нова генерација на паметни телефони кои ќе имаат задача да го донесат искуството од пред компјутер во вашиот џеб. Nokia N900 не е обичен телефон и не е наменет за било кого. N900 е моментално најатрактивниот телефон за секоj ИТ професионалец или корисник кој има потреба од мобилен кој може да го носи во својот џеб и кој може да му пружи непречено интернет прелистување и слобода во комуникацијата, како и уред кој ќе има кул оперативен систем со што ќе се издвојува од другите. :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
Annesilie
Annesilie
14 years ago

Kade moze da se kupi telefonov kaj nas??? :)