20 коментари 2 мин. читање

iPad во Македонија!? Засега само на црниот пазар…

Информациите за “ексклузивната достапност” на новиот Apple продукт беа искомуницирани на потрошувачите преку самата компанија КупиЛаптоп, т.е. преку нивниот официјален сајт и Facebook профил.

Претставниците на КупиЛаптоп со кои разговаравме тврдат дека немаат направено ништо погрешно и дека се работи за легално препродавање на iPad. Објаснија и дека за производот имаат и документи и платено царина.

“Слободно може да кажеме дека сме први во Европа кои го имаат донесено iPad. Се работи за легална препродажба на iPad наменет за американскиот пазар на кој си имаме платено и царина и сите давачки…”

Но… iPad во Македонија, а и надвор од САД, сеуште не е достапен и нема да биде достапен до мај! Ова ни го потврдија претставници на интернационалниот тим на Apple задолжени за продажба и пласман на продуктите во телефонски разговор попладнево. Тие додадоа и дека засега iPad може да биде достапен надвор од САД единствено преку црниот пазар, односно iPad-от да биде купен во САД за лична употреба и потоа да биде препродаван. Од Apple, кои го најавија интернационалниот пласман на iPad за крај на месецот , ни потврдија дека не го поддржуваат овој чекор на КупиЛаптоп.

И локалниот овластен дистрибутер на Apple, Дуна Компјутери, се оградија од постапката на КупиЛаптоп и ни најавија дека iPad може да се очекува, официјално во Македонија да биде достапен на почеток на летото.

Напишано од

Дамјан е иницијатор и еден од ко-основачите на IT.mk, а исто така и основач на ИТ компанијата IWM Network и на Aqtos, бизнис оперативен систем за компании. Има повеќе од 20 години искуство во развој на дигитални производи, дигитална трансформација, веб-развој, UX/UI, SEO, брендирање и е-трговија.

Коментари

20 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top