Twitter со попрецизен гео-локациски сервис

0 коментари 1 мин. читање

Сега, Twitter корисниците, користејќи го Twitter.com или пак мобилната верзија mobile.twitter.com преку сервисот наречен Twitter Places ќе можат да ја споделат својата локација со подетален опис за местото (дали е ресторан, стадион и сл.). Имплементацијата со останатите два популарни локациски сервиси претставува навистина добра интеграција и соработка.

Интересна е и идејата за обединување на корисниците преку тоа што кога ќе кликнете на самата локација на некој твит, Twitter ќе ви ги покаже и останатите твитови објавени од другите корисници од и околу местото. Деталните гео-локациски информации ќе бидат достапни и преку API-то на Twitter со што може да очекуваме интересни апликации, особено за мобилните платформи.
Напишано од

Дамјан е иницијатор и еден од ко-основачите на IT.mk, а исто така и основач на ИТ компанијата IWM Network и на Aqtos, бизнис оперативен систем за компании. Има повеќе од 20 години искуство во развој на дигитални производи, дигитална трансформација, веб-развој, UX/UI, SEO, брендирање и е-трговија.

Мени
Заедница
Изглед