(По разговор со Горан Михајловски, главниот и одговорниот уредник на весникот „Вест“ добивме извинување и се договоривме дека ќе бидеме исплатени за сите текстови на IT.com.mk)
Повторно се случи. Дневниот весник „Вест“ објави 3 ИТ вести кои се „преземени“ од IТ.com.mk од збор до збор, испуштени се само неколку параграфи.
Сите три текста „ИБМ доби права за делечински за Facebook”, „Пристигна Oпера 10“ и „Microsoft најави Windows за мобилен“ се појавија на веб страната и во печатеното издание на „Вест“ (број 2764). Истите тие три текста беа објавени на IT.com.mk еден ден претходно. Еве ги оригиналитe на текстот за Windows Mobile, Opera 10 и далечинскиот за Facebook. Споредете ги. (линковите не работат поради префрлување на содржината на новиот дизајн)
„Вест“ прави пари од својот весник. Една цела страна од тој весник е наполнета со туѓи текстови, во овој случај на IT.com.mk, текстови за кои немаме добиено хонорар, текстови за кои немаат дозвола да ги објават и текстови за кои немаат наведено извор.
Објавувањето на Opera 10 и Windows Mobile се јавни информации, секој има пристап до нив. Но текстовите кои ги објаснуваат и кои ги содржат тие информации се оригинални авторски текстови на IТ.com.mk. Така „преземајќи“ ги текстовите без дозвола и наведување извор „Вест“ ги нарушува авторските права на IT.com.mk што е забрането според „Условите на користење“ на порталот.
Секако постојат исклучоци. Еве пример за кој воопшто не најдовме забелешка. Нашиот текст Google Тrаnslate на македонски е преземен од порталот „Премини“. Се работи за портал кој наведува извор и линк! Освен што е етички, друго важно нешто е што тие не прават пари од продавање страни и страни содржина. На страната на печатеното издание на „Вест“ со трите текста на IT.com.mk има реклама. Една повеќе страна во весник значи една повеќе реклама.
Овој пат сме решини да преземеме нешто и да ставиме крај на ваквите „преземања“, затоа јавно бараме „Вест“ да ни ги плати сите досегашни текстови на IT.com.mk кои се објавени на веб страната и печатеното издание на „Вест“. Ова го правиме јавно бидејќи веруваме дека ова е вредна информација за јавноста да знае дека некои работи не функционираат како што треба во македонските медиуми. Ова се случува истиот ден кога Советот на честа при Здружението на новинари реагира реагираше на „рекламирањето преку текстови на медиумите“. Ова едноставно го покажува квалитетот на медиумите, во нашиот случај „Вест“.
Верувам дека „Кодексот на новинарите“ треба секој да го знае. Посебно еден од поголемите медиуми во Македонија, медиум кој има луѓе и средства да креира своја сопствена содржина, а не да полни страни со туѓа и да оди против членот 12 од кодексот – „Плагијаторството е забрането“. Барем тоа се начела кои ги почитува секој професинален медиум.
Надополнето 04.09.2009: По разговор со Горан Михајловски, главниот и одговорниот уредник на „Вест“, кој се извини за „префесионалниот пропуст“ се договоривме да се надокнади за превземените текстови.
[…] кои во тоа време беа на својот трон, па имавме куп интересни ситуации на тоа […]