37 коментари 2 мин. читање

ИТ.мк: Користеност на мобилни платформи

Тешко е да се дојде до конкретен метод за да се измери прецизно бројката на паметни уреди во Македонија (via @VipMK), но сепак успеавме делумно да ја добиеме почетната слика за каква е состојбата во Македонија и каква е пенетрацијата на мобилните телефони.

Од неколку .мк сајтови и портали добивме извештај за колкав број луѓе пристапиле до сајтовите преку своите мобилни телефони и од кои платформи и мобилни оперативни системи го направиле тоа. Побаравме од сајтовите да ни испратат експортиран PDF фајл директно од Google Analytics со цел да избегнеме било какви непроверени бројки и ги ограничивме на периодот на првиот квартал од 2010 година, односно од 1-ви јануари до 7-ми април.

Податоците до кои дојдовме може да ги погледнете во следнава графа:

Од графата јасно се гледа дека и покрај тоа што е скап и обврзан со договор, iPhone-от на Apple доминира на македонскиот пазар со 50% пазарен удел од главна причина што скоро сите кои го поседуваат имаат интернет пакет вклучен во своите договори. Интересно е да се забележи и дека голем број македонски интернет корисници пристапуваат до сајтовите преку поновите верзии на iPod, односно 4%, со што вкупниот удел на Apple изнесува 54%.

Втора најкористена мобилна платформа очекувано е Symbian, C++ оперативниот систем купен во 2008 од страна на Nokia, кој во светот важи за најпопуларен мобилен оперативен систем со удел од 46.9%, додека кај нас е присутен со 26%.

Оперативниот систем на Google, Android, кој во светот забрзано го доживува својот моментум, засега на пазарот е присутен со скромни 8%. Но слободно можеме да очекуваме бројката да се промени во наредниов период, воглавно заради се поголемата популарност на Android, зголемената достапност и нормално зголемениот број на апликации.

Што се однесува до останатите мобилни оперативни системи, Windows преку сегашните свои верзии јасно го губи својот статус, додека бројката на BlackBerry е мала веројатно заради исклучиво бизнис намената и таргетот кој го има овој мобилен уред, и верувам дека таа група на луѓе ретко ги посетува порталите од кои се земени овие статистики.

Сепак, ова е само едно почетно истражување и е далеку од соврешно. Идеи и предлози за идните вакви анализи и истражувања се добредојдени.

Благодарност до сајтовите кои учествуваа во ова истражување:
Time.mk
IdiVidi.com.mk
Kajgana.com
365.com.mk
Komunikacii.net
NotForMen.mk
– IT.com.mk (нормално) :)

Надополнето: Истражувањето во бројки (посети): iPhone – 28.628, Symbian – 15.118, Android – 4.426, Sony – 3.343, iPod – 2.353, BlackBerry – 1.056, Windows – 949, Samsung – 1.043, LG – 500, Nokia – 45.

Напишано од

Дамјан е иницијатор и еден од ко-основачите на IT.mk, а исто така и основач на ИТ компанијата IWM Network и на Aqtos, бизнис оперативен систем за компании. Има повеќе од 20 години искуство во развој на дигитални производи, дигитална трансформација, веб-развој, UX/UI, SEO, брендирање и е-трговија.

Коментари

37 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top