Оваа недела, поточно од 10-ти февруари, треба да започнe првата ексклузивна содржина на YouTube за која ќе се плаќа претплата. YouTube Red е проект на видео сервисот да му конкурира на Netflix и HBО, но на свој начин така што ќе ги ангажира најпопуларните YouTube ѕвезди да креираат оригинална содржина за претплатниците кои плаќаат 10 долари месечно. Освен новата програма претплатниците на YouTube Red можат да ги гледаат содржините на YouTube без реклами, иако новитетот на ексклузивната содржина ќе биде чуден, со оглед на тоа дека се навикнавме сé да гледаме бесплатно.
Првата оригинална серија ќе биде со Феликс Кјелберг, кој е попознат како PewDiePie. YouTube ќе стартува со три филмови и десетина епизоди од серијата Scare PewDiePie, пренесува Variety. Филмовите кои се ексклузивна содржина се: A Trip to Unicorn Island, документарен филм за Лили Синг; Dance Camp музичка драма од AwesomenessTV; и Lazer Team, фантастична комедија од Rooster Teeth и Fullscreen Films.







