Вратете го YouTube Dislike копчето со Return YouTube Dislike

Скоро година и половина како YouTube повеќе не дозволува да имате увид колку корисници не сакаат одредено видео, односно колку пати е кликнато копчето Dislike. И ден денес, меѓутоа, доколку некое видео не ви се допаѓа, можете да кликнете на копчето Dislike, но не и да видите колкумина го направиле тоа, што знае да биде проблем доколку сакате да се поврзете со браќата хејтери.

Причината поради која и понатаму може да се кликне копчето Dislike е за да дадете на знаење дека содржината од видеото не ви се допаѓа и да не ви се одново сервира истото видео или видеа слични на него. Причината поради која не се прикажува колкумина кликнале на Dislike копчето e затоа што, според YouTube, имало драстично зголемување на креатори кои биле нефер таргетирани со dislike-ови (еден вид бомбардирање со реценции (review bombing) – тренд кој се смета за немеродавен и несоодветно го отсликува продуктор во целина).

Но, не е се така црно и доколку навистина сакате да дознаете колкумина кликнале на dislike копчето, можете да ја инсталирате екстензијата Return YouTube Dislike. Според креаторите кои стојат зад екстензијата за Firefox, односно Chrome, сите податоци до декември минатата година се достапни, односно до моментот до кога овие податоци биле видливи. Со криење на податоците по декември, дискутабилно е колку се веродостојни бројките, но сепак можете да добиете одредена слика за тоа колкумина корисници (не) биле импресионирани од видеото.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments