0 коментари 2 мин. читање 8 февруари, 2016

Vaio претстави Windows 10 телефон наменет за бизнис

Vaio, кои се попознати како компанија која имаше неуспешна авантура со лаптоп компјутерите откако се одели од Sony за да се фокусира на мобилните уреди, сега претстави нов телефон кој работи на Windows 10. Интересно, ова е првиот Windows телефон создаден надвор од Microsoft. Иако во остатокот на светот Windows телефоните имаат сериозни проблеми, во Јапонија има повеќе Windows 10 телефони, отколку Windows 7 и 8 заедно, јави Verge.

Vaio Phone Biz е изненадувачки телефон кој најверојатно е поквалитетен од телефоните на Microsoft. Има алуминиумско тело за разлика од сите Microsoft телефони кои се изработени од пластика, и LCD дисплеј од 5,5 инчи со 1080р резолуција. Процесорот е Snapdragon 617, а има и 3GB RAM меморија и во зависност од моделот, предна и задна камера од 1 до 5 МР за предна, и 8 до 13 МР за задната камера. Процесорот е довoлно моќен за да поддржи Windows 10 Continuum мод. Телефонот не е евтин, и доаѓа за 425 долари и барем засега нема најава дека ќе излезе надвор од Јапонија. Сепак Phone Biz можеби е најубавиот Windows Phone досега.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top