YouTube Red е новиот сервис со кој популарниот сервис ќе монетизира од популарноста од YouTube ѕвездите и музичките видеа. Месечната претплата од 10 долари е достапна само во САД, потоа ширум светот, и преку неа се нуди „премиум пристап“ до ексклузивна содржина. YouTube sвездите како PewDiePie, Fine Brothers и други ќе креираат видеа само за претплатниците, во кои ќе нема реклами и кои ќе можат да се симнат на мобилните уреди за офлајн прегледи. Создавачите на содржини ќе бидат платени, иако YouTube не сака да открие колку проценти одат за нив, освен дека ќе им плаќа според прегледите.
Во претплатата ќе биде вклучен и пристап до Google Play Music, сервисот за стримање музика. Најавена е и посебна YouTube Music апликација која ќе се појави до крајот на годината, и која ќе понуди музика за возврат на претплата. Интересно, некои видеа од популарните креатори кои до сега беа достапни онлајн можеби ќе бидат тргнати. TechCrunch ги условува партнерите да ги прифатат лиценците на YouTube Red или во спротивно ќе им ги тргне и бесплатните видеа.
[…] содржина на YouTube за која ќе се плаќа претплата. YouTube Red е проект на видео сервисот да му конкурираат на Netflix и […]
[…] не е невообичана. Најгледаните видеа овозможуваат монетизиација и можност за „емитување“ на сите содржини. Подобро […]
[…] се чини извесно е дека новите содржини ќе бидат дел од YouTube Red, услуга за чија претплата чини 10 […]
[…] од корисниците која не е баш квалитетна. Затоа и воведе претплата со која ќе промовира популарни канали. Но, Netflix има […]