AdWords 101:  Реклами во Gmail

во Веб, Совети

(Oва е гостински пост на Ева Пиперевска, маркетинг менаџер во G6 Solutions. Ева се реши да напише серијал на блог постови за Google AdWords на Medium. Ги реобјавуваме со нејзина дозвола)


Електронската пошта претставува неразделен дел од нашето секојдневие. Таа е сигурен инструмент преку кој ние сме во постојан контакт со нашите блиски, пријатели и колеги. Освен тоа, таа е и одличен начин да научиме што е најновото кај нашите омилени брендови, без разлика дали станува збор за голема распродажба, за привлечни понуди за одмор, или за вести за револуционерен производ.

Токму поради тој факт Google на огласувачите им обезбеди и уште еден канал за рекламирање — преку Adwords реклами во Gmail.

Интерактивни рекламни формати во богат изглед

Со цел да се адаптираат рекламите кои обично се користат во рамките на Adwords платформата, да одговараат на форматот на Gmail, Google претстави други рекламни формати во богат изглед, специјално прилагодени за Gmail. Огласувачите можат да создаваат кампањи за Gmail преку дисплејната мрежа, користејќи ја алатката AdWords Ad gallery. Со помош на неа тие ќе можат да создадат два типа на реклами:

  • Collapsed ad — оваа реклама има сличен изглед како пристигнатата пошта на Gmail. Корисниците можат да кликнат на неа, да ја отворат исто како имејл порака и да научат повеќе детали.

1-Cezc_QYQscpbWQiYxuOFDg

  • Проширена реклама — се активира со кликнување на рекламата. Ова претставува природен вид на рекламата во форма на цела страница која ја доловува информацијата во рамките на рекламата. Како огласувачи на овој тип реклами вие плаќате кога корисникот ќе кликне да ја отвори рекламата. Сите останати дејствија од страна на корисниците се бесплатни.

Кај овој тип на реклами можат да се изберат неколку шаблони за креирање на реклами. Има шаблони кои можат да содржат една слика; слика, текст и CTA копче; листа со неколку производи кои сакате да ги рекламирате истовремено и тн. Форматот со персонализиран HTML код нуди најголема флексибилност при конфигурирање на средствата со кои располагате и ви овозможува да креирате дополнително рекламно искуство со вклучување на видеа, формулари, телефонски броеви или интересни фрази.

*Информациите во овој пост се превземени од официјалниот блог на Google Adwords.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

Matrix IT Global Services Macedonia

Senior Software Automation Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

види ги сите огласи на kariera.it.mk