Главната организација за воспоставување на веб стандарди, W3C, најави развивање на алатки кои ќе ги предупредуваат корисниците доколку веб сајтови не ја почитуваат нивната приватност. Алатките кои W3C ги развива ќе им помогнат на корисниците да контролираат како нивните лични податоци ќе бидат користени.
Д-р Матијас Шунтер, човекот кој го води овој проект на W3C, изјави дека голем број на луѓе се чувствуваат дека се следени и многумина од нив се грижат за својата приватност и сакаат да ги решат овие проблеми.
„Моментално веб сајтовите треба да ги имплементираат сите овие различни протоколи. Нема стандарден начин да се почитуваат опциите за приватност“.
W3C се работи на дефинирање на софтверските спецификации кои ќе овозможат веб прелистувачите да им кажуваат на веб сајтовите помалку да следат, да им укажуваат на веб сајтовите кога има барања за приватност, ќе ги дефинираат најдобрите практики за веб сајтовите за да можат да ги исполнат разните барања за приватност.
Д-р Шунтер додава дека веб сајтовите не се приморани да ги следат спецификациите и технологиите кои ќе бидат усвоени од W3C, меѓутоа веројатноста дека ќе бидат прифатени е поголема доколку W3C ги направи. Технологијата која моментално W3C ја развива би требало да се појави во веб прелистувачите веќе во средина на 2012. Повеќе од 15 компании стојат зад овој проект, меѓу кои Adobe, Apple, Facebook, Google и Microsoft.







