0 коментари 2 мин. читање 15 ноември, 2011

ИТ Настан: Мобил Фестивал 2011

На 21 ноември во 19 часот се одржува Вториот интернационален фестивал на филмови снимени со мобилен телефон, Mобиле Фестивал 2011.

„Првиот Фестивал на филмови снимани на мобилен телефон во светот се одржа во Париз пред шест години. Мобил Фестивал е Првиот фестивал на филмови снимани на мобилен во Македонија. На два милиона и шеесет и шест илјади жители, Македонија има околу 2 милиони и седумстотини илјади мобилни телефони и исто толку потенцијални ‘филмаџии’. Доволен предизвик за да стартуваме со ваков фестивал.“

Покрај проекција на разни кратки филмови снимени со мобилен кои се претставени на другите филмски фестивали, како Shootit, Mobilfilmfestival, Mobile Screenfest, HKMFF, ќе има и натпревар на филмови снимени со мобилен од македонски корисници. Заинтересираните филмаџии треба да го пријават својот краток филм до 18.11. Победничкиот филм ќе учестува на реномирани светски фестивали.

Минатата година, на првиот ваков фестивал, победи краткиот филм „Гумата и цртежот“ на Бојан Стојчевски. Видеото е подолу.

[youtube]w-9sHtmX9Vw[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top