0 коментари 2 мин. читање

Google има таен истражувачки центар

New York Times објави сторија која за прв пат открива дека Google всушност има таен истражувачки центар каде се експериментира и измислуваат нови технологии кои би можеле да ја променат иднината.

Според сторијата, Google X има голем број на инжинери кои работат на над стотина најразлични проекти, од роботи до паметни фрижидери. Овој проект е толку таинствен што дури и поголемиот број на вработените во Google не знаеле дека постои.

Покрај откривањето на тајниот истражувачки центар, New York Times го откри и еден од главните луѓе на Google X. Станува збор за Себастијан Трун, светски познат експерт на полето на вештачката интелигенција и роботика. Исто така дел од овој проект се и Анреду Нг, експерт за машини што учат, како и Џони Чунг, човекот со чија помош е развиен Microsoft Kinect.

Човекот одговорен за односи со јавноста, Џил Хазелбејкер, одби да дискутира за истражувачкиот центар, но има изјавено дека трошоците што се оделени за Google X се далеку помали од оние наменети за главниот бизнис на веб пребарувaње. Ко-основачот Сергеј Брин е длабоко вклучен во истражувачкиот центар и има дадено голем број на идеи кои се развиваат во Google X.

Еден од проектите кои се имаат развивано во овој таен истражувачки центар е проектот за автомобили без возач, кој Google го претстави минатата година, и планира да започне да го произведува.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Мени
Заедница
Изглед
To top