DuckDuckGo прелистувачот конечно достапен на Windows

Компанијата во чии фокус е приватноста на корисниците – DuckDuckGo конечно ја издаде и Windows верзијата на својот прелистувач. Засега прелистувачот е во бета, но може да го преземат сите. Компанијата се прослави со пребарувачот кој е приватна алтернатива на Google, а сега ќе бидат конкуренција на уште едно поле

Прелистувачот (може да го преземете тука) доаѓа на Windows една година откако е достапен за macOS. За рендерирање на страниците DuckDuckGo го користи оперативниот систем. Во случајов тоа е Windows WebView2 повик кој користи Blink рендер енџин. Ова значи дека за поголема безбедност ќе бидат клучни надградбите на Windows.

Благодарение на блокирањето на тракерите DuckDuckGo заштедува значителен дел од интернет сообраќајот. Според компанијата прелистувачот презема 60% помалку податоци од Google Chrome. Ова веројатно е поважно во случај на користење со ограничен интернет.

Зошто би го користеле DuckDuckGo? Ако сте загрижени за вашата приватност тогаш не треба премногу да ве убедуваат да се префрлите на прелистувач кој е пофокусиран на приватноста. Ако не сте, креаторите споделија дел од функционалностите на прелистувачот.

Duck Player, овозможува да гледате видеа на YouTube без реклами кои ја нарушуваат приватностам и ги спречуваат прегледите на видеата да влијаат на вашите препораки.‌‌

Блокирање на следење кое е поригорозно од она што е достапно на Chrome и другите прелистувачи. Заштита за вчитување на следење од трети страни, на пример, ги блокира скриените тракери од компании како Google и Facebook кои се „кријат“ на други веб-локации пред да добијат можност да се вчитаат.

Попаметно криптирање – обезбедува дека повеќе од веб-локациите што ги посетувате и линковите што ги отворате се криптирани.

Cookie Pop-up Management, алатка која автоматски ги избира најприватните достапни опции и ја крие согласноста за колачиња.

Fire Button – ги „пали“ сите неодамнешни податоци од прелистување со еден клик. (Има и корисна опција „Fireproof“ страниците на кои сакате да останете најавени.) ‌

Заштита на е-пошта, може да ја скрие вашата имејл адреса со единствени @duck.com адреси кога се регистрирате за работи онлајн.

За жал во прво време DuckDuckGo нема можност за користење на никакви екстензии. Неговите креатори најавуваат дека функционалноста ќе биде достапна во иднина. Засега самиот прелистувач ја има функционалноста на екстензија за „менаџер на лозинки“ и „блокирање на реклами“.

Префрлањето на DuckDuckGo од друг прелистувач е супер едноставно. Откако ќе го инсталирате може да одберете дали сакате да ги внесете постоечките „bookmarks“ и лозинки. Понатаму си го користите DuckDuckGo.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk