0 коментари 1 мин. читање

Заштитете ја приватноста во Windows 10 со Spydish

Spydish е пренослива алатка со која можете да ги проверите сите главни политики за приватност во Windows 10 и да ги вклучите, односно исклучите.

Оваа релативно нова алатка првенствено беше создадена како приватен проект, но бета верзијата сега се нуди бесплатно до сите заинтересирани.

По преземање и покренување на алатката, кликнете на копчето Analyse и одберете каква акција сакате да стапи на сила. Како прва верзија, Spydish ви дозволува поголема контрола врз 50 политики на приватност, но и можност за исклучување опции како Cortana, Wi-Fi Sense, Windows Defender, и слично.

За да можете да ги направите повеќето промени, потребно е да ја покренете алатката со администраторски привилегии.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top