GDPR и неговата релација со нашиот Закон за заштита на лични податоци

GDPR е скратеница од General Data Regulation Protection, што значи дека ова е Европска регулатива, донесена со цел стандардизирање на различните законите за заштита на лични податоци низ членките на Европска унија. Со хармонизација на европско законодавство, нашиот Закон за заштита на лични податоци е во склад со GDPR, односно правилата определени со GDPR, се правила определени во нашиот Закон.

Како да го усогласите вашето работење со Законот за заштита на лични податоци?

Усогласувањето на работењето на друштвата со овој Закон не е еднократна процедура, туку континуиран труд и постојан процес.

Тој процес опфаќа континуирана едукација на вработените за важноста на заштита и нивна обука за начините на третман со цел обезбедување тајност и заштита; Подигање на свесноста за важноста од заштитата на личните податоци; Понатаму, воспоставување на организациски мерки (што ќе опфаќа интерно определување и овластување на вработени кои ќе можат да обработуваат лични податоци); Имплементација на технички мерки (кои ќе опфаќаат мерки за обезбедување на физички или електронски лични податоци); Воспоставување на правила во случај на инциденти и останати правила и насоки определени во Законот и подзаконските акти.

Сепак, компанијата треба сама да процени во која мера треба да донесе и имплементира правила со цел да го усогласи работењето со Законот и да обезбеди тајност и заштита на личните податоци.

Највисоките 3 глоби за компании поради прекршување на GDPR

Според Termly.io ова се највисоките парични глоби изречени за прекршување на GDPR правила.

3 место – Google Ireland — €90 милиони 

google-llc-logo

Година на глоба: 2021

Францускиот CNIL го казнил Google Ireland затоа што не им овозможувал на корисниците лесен и транспарентен начин да одбијат / прифатат колачиња.

2 место – WhatsApp — €225 милиони

WhatsApp-logo

Година на глоба: 2021

Комисијата за заштита на личните податоците на Ирска го казнила WhatsApp за нејасни политики за приватност и недостаток на транспарентност во тоа како ги користи податоците на корисниците.

1 место – Amazon — €746 милиони

amazon-logo

Година на глоба 2021

Било откриено дека седиштето на Амазон во ЕУ во Луксембург ги следи податоците на корисниците без да добие соодветна согласност или да обезбеди начин за opt-out од ова следење – што резултирало со најголемата глоба по GDPR до сега на Амазон.

disclosure:

-Ова се генерални информации и истите не претставуваат правен совет.


Напомена: Ова се генерални информации и истите не претставуваат правен совет.

За авторот

Адвокатска канцеларија, која повеќе години активно работи во областите на правото на трговските друштва, интелектуална сопственост и авторски права. Нашите клиенти се компании кои работат на полиња на развој на софтвер, иновирање, дигитализација, маркетинг и дизајн. 

За повеќе информации околу 3600 за ИТ – посетете го следниов линк.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk