Тwitter објави статистика за мобилното користење заедно со совети за огласувачите

Над 120 милиони твитерџии, или 60 отсто од вкупните корисници, твитаат преку мобилен. Ова воопшто не изненадува бидејќи, како што вели Twitter, тој „e дизајниран за мобилни. Лимитот од 140-карактери е базиран на текст пораките и ограничувањата на SMS“. Од тие 120 милиони мобилни корисниции, други 86 отсто се на Twitter повеќе пати на ден, а 57 отсто велат дека не користат Twitter на десктоп компјутер, 15 отсто користат таблет компјутер како примарна алатка. Затоа советот кој Twitter го дава на огласувачите е да си ја креираат маркетинг капањата со мобилно таргетирање на ум.

Најголемата мобилна публика, 52 отсто, се младите луѓе од 18 до 34 години. Ова воопшто не изненадува бидејќи таа таргет група ги користи сите можни алатки за дружење. На таа група и припаѓаат исто толку машки колку и женски корисници. Тоа што е важно – уште една препорака од Twitter до огласувачите – е да се приотеризираат кампањите според тоа кого следат корисниците бидејќи така ќе се откријат корисничките интереси.

Секако важно за огласувачите е да се знае кога се користи Twitter. Според истражувањето на друштвената мрежа, скоро 157 отсто од корисниците проверуваат твитови веднаш штом ќе станат од спиење, 129 отсто проверуваат кога ќе си легнат и неверојатни 169 отсто проверуваат твитови кога купуваат. Околу 60 отсто користат Twitter кога гледаат телевизија, што е факт кој го натера Twitter да инвестира во рангирање на ТВ индустријата.

Според Twitter и истражувањето на Compete, мобилните корисници се поактивни во комуницирање со брендовите, што треба да ги мотивира огласувачите и брендовите да креираат твитoви околу информации во реално-време за да влијаат врз секојдневните кориснички активности.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk